ФудбалФутсал

Одложените натпревари од Првата и Втората футсал лига ќе се одиграат во понеделник и вторник

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Прекинатото коло во Првата и Втората футсал лига на Македонија, кое беше одложено поради големата трагедија во Кочани, ќе биде комплетирано со натпреварите закажани за понеделник и вторник.

Во Втората футсал лига ќе се доигра 16. коло. Во понеделник, Каршиака ќе се соочи со Конзули, а Овче Поле ќе игра против Победа од Прилеп. Ден подоцна, во вторник, Карадаку ќе ги одмери силите со Кораби. Од оваа рунда веќе се одиграни три натпревари:

  • СЕЕ Университи убедливо го победи ССК Скопје со 10:4,

  • Балкан го изненади лидерот Мал Ајакс од Штип со 6:2,

  • Кратово беше доминантен против Партизан Југ од Брвеница со 8:0.

Во Првата футсал лига останува да се комплетира 14. коло. Во понеделник, Железарец на домашен терен ќе го пречека Клими од Кавадарци, додека Осогово во Крива Паланка ќе се сретне со Бутел. Во вторник, последниот меч од колото ќе го одиграат Кеги Моби и Јувентус Серава.  Во ова коло се одиграа два натпревари:

  • Фроца со 10:3 беше далеку подобра од Црна Река,

  • Проект славеше против Шкупи со 6:4.

Со овие натпревари ќе се заокружи колото, а екипите ќе продолжат со битката за бодови во двете конкуренции.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!