Прва лигаТрета лигаФудбал

Хуманитарен натпревар на Слога и Гостивар во Виница за поддршка на настраданите во Кочани

Сподели
Сподели

Во понеделник, на градскиот стадион во Виница, ќе се одигра хуманитарен пријателски натпревар помеѓу третолигашот Слога Виница и прволигашот Гостивар. Натпреварот, кој започнува во 15 часот, има за цел да собере средства за семејствата на загинатите во трагичниот настан во Кочани.

ФК Слога Виница упати апел до сите граѓани, љубители на фудбалот и навивачи да дадат свој придонес и со своето присуство да помогнат во оваа благородна акција, организирана во соработка со Црвен крст Виница.

Трагедијата во дискотеката во Кочани однесе 59 животи, а оваа иницијатива е мал, но значаен чекор кон поддршка на нивните семејства.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!