Прва женска фудбалска лигаПрва лигаФудбал

ФОТО: ФИФА со забрани за трансфери на три македонски клуба: Шкупи и Воска Спорт, но сега и ЖФК Љуботен!

Сподели
ФОТО: ФК Воска Спорт
Сподели

Македонските клубови повторно се најдоа во фокусот на ФИФА, откако беа изречени забрани за трансфери за три прволигаши – два во машка и еден во женска конкуренција.

Шкупи и Воска Спорт добија санкции и се најдоа на „црната листа“ на ФИФА, што значи дека нема да можат да регистрираат нови играчи во следните три преодни рока. Забраната за Шкупи стапи на сила на 12 март, додека Воска Спорт ја доби на 28 февруари. Најверојатно, станува збор за долгови кон странски играчи, што претходно беше причина за вакви санкции, но тогаш двата клуба ги решија овие проблеми и забраните беа повлечени.

Изненадување е тоа што на оваа листа се најде и ЖФК Љуботен, актуелниот македонски шампион во женска конкуренција. Тетовскиот клуб доби забрана на 26 февруари и нема да може да регистрира нови фудбалерки во следните три преодни рока.

Со оглед на тоа што забраните се активни од март, трите клуба нема да можат да ангажираат нови играчи сè до 2027 година, односно до зимскиот преоден рок во јануари.

ФИФА не соопшти официјални причини за санкциите, но најверојатно тие се резултат на насобрани долгови од неисплатени плати кон играчи.

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!