РакометРакометна репрезентација

Македонија ги дозна ривалите во квалификациите за ЕП 2026

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство 2026, кое за првпат во историјата ќе се одржи во пет различни држави: Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција.

Ждрепката во Клуж ја смести Македонија во групата три, каде ќе се соочи со силните селекции на Германија, Словенија и Белгија. Пласман на ЕП ќе обезбедат првите две репрезентации од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани селекции.

Домаќините на шампионатот – Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција – веќе имаат загарантирано место, исто како и трите најдобри селекции од ЕП 2024: Европскиот шампион Норвешка, вицешампионот Данска и третопласираната Унгарија. Овие репрезентации нема да играат квалификации, туку ќе бидат дел од ЕП.

Квалификациските натпревари ќе се одиграат во три прозори: од 15 до 19 октомври 2025, од 4 до 8 март 2026 и од 8 до 12 април 2026 година.

Македонските ракометарки, кои настапија на последните две Европски првенства во 2022 и 2024 година, ќе имаат шанса повторно да се најдат на континенталниот собир. ЕП 2026 ќе се одржи од 3 до 20 декември.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!