Ракомет

Новите странски засилувања на Радовиш веќе тренираат со екипата!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Новите странски засилување на ракометниот клуб Радовиш пристигнаа и веќе тренираат со новата екипа во СРЦ „25 Мај“, Како што веќе информираше Спортска Мрежа, радовишани се засилија со левиот бек Игор Кисељов од Молдавија и пивотот Густаво Паива од Бразил.

Радовиш има комплетно нов лик во пролетниот дел и влегува значително засилен за плеј-аутот и веќе има тим не само да го избегне последното место на табелата кое директно води кон испаѓање во Прва лига, а и не само да го избегне и претпоследното место или баражот за опстанок во Суперлигата, туку и да се пробие во горниот дел на табелата од плеј-аутот.

Претходно, како што информираше Спортска Мрежа, Радовиш се засили со искусните Ивица Илиев и голманот Славјан Паунов, тука е и Лазар Адамовиќ, Бразилецот Александер Антонио Сантош, потоа Стефан Кочаров, Петар Цветковски, како и Томче Трајчевски.

На тренерското столче седна Игор Котевски, а пак Спасе Ѓоргиев и Александар Долдуров се во стручниот штаб, двајцата млади тренери лани направија огромен успех, откако преку бараж го вратија Радовиш во Суперлигата, совладувајќи го тогашниот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 од Битола, во моменти кога малкумина веруваа дека Радовиш може да го направи тоа ракометно чудо, но и тоа се случи.


Котевски пред него има една цел, а тоа е директен и сигурен опстанок во Суперлигата, со што Радовиш и следната сезона би бил дел од Суперлигата.

Колку за потсетување последната екипа во плеј-аутот на Суперлигата испаѓање директно во Првата лига, додека пак претпоследната екипа ќе игра бараж за можен опстанок во второпласираната екипа од плеј-офот на Првата лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот...

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот...

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над...

Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!