Прва лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кои екипи се најмногу загрозени за испаѓање во Втора лига?

Сподели
ФОТО: ФК Воска Спорт
Сподели

Борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига ќе биде голема, повеќе екипи се израмнети на дното од табелата и практично ги очекува неизвесна пролет до крајот на мај кога ќе заврши тековната сезона 2024-2025.

Од табелата може да се виде дека пет екипи се најмногу загрозени за опстанок. Воска Спорт која е на дното со 19 бодови, потоа екипите на Беса, Брера и Тиквеш кои имаат по 21 бод и Вардар кој е на осмото место со 22 бодови или во зоната за директен опстанок.

Овие екипи ќе се борат да ги избегнат последните две места кои директно водат кон испаѓање во Втора лига, како и десеттото место кое води кон баражот за можен опстанок во Прва лига, а тој меч прволигашот кој ќе заврши на 10. место го игра со третопласираниот тим во Втората лига на неутрален терен.

Во следното коло Воска Спорт ја очекува тешко гостување кај Гостивар, исто така и Беса ќе има тежок меч со гостување кај Работнички, на тешко гостување оди и Брера Струмица кај Шкендија во Тетово, Тиквеш ќе гостува во Кратово кај Силекс, Пелистер ќе го пречека Вардар, а пак шампионот Струга Трим Лум ќе игра со Шкупи покрај езерото.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ШКЕНДИЈА АД 24 14 8 2 39 19 +20 50
2 ФК СИЛЕКС АД 24 14 6 4 41 15 +26 48
3 ФК РАБОТНИЧКИ АД 24 12 9 3 29 13 +16 45
4 КФГ ГОСТИВАР АД 24 11 11 2 31 13 +18 44
5 ФК СТРУГА-ТРИМ-ЛУМ АД 24 11 5 8 30 30 0 38
6 ФК ШКУПИ-1927 АД 24 9 4 11 35 32 +3 31
7 ФК ПЕЛИСТЕР АД 24 7 8 9 14 23 -9 29
8 ФК ВАРДАР АД 24 5 7 12 20 33 -13 22
9 ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци 24 4 9 11 12 23 -11 21
10 ФК АП БРЕРА СТРУМИЦА АД 24 5 6 13 25 41 -16 21
11 ФК БЕСА 1976 АД 24 5 6 13 20 37 -17 21
12 ФК ВОСКА СПОРТ АД 24 4 7 13 22 39 -17 19

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!