РакометРакометна репрезентација

Македонија поразена во Копер, Словенија обезбеди пласман на ЕП

Сподели
ФОТО: Rokometna zveza Slovenije / Handball Federation of Slovenia
Сподели

Репрезентацијата на Македонија вечерва загуби од Словенија во Копер со резултат од 38:27, по вторпат откако Македонија беше поразена од Словенија и во Скопје во рамки на квалификациите за Европското првенство кое се игра 2026 година.

Ракометната федерација на Македонија побара одложување на натпреварот поради големата трагедија која се случи во дискотеката во Кочани, сепак ЕХФ не го прифати барање, па избраниците на селекторот Кирил Лазаров го одиграа овој натпревар кој беше навистина тежок со оглед дека ноќеска се случи големата трагедија.

Натпреварот започна со минута молк и мораше да се одигра бидејќи ќе бевме дисквалификувани и казнети.

Словенија постепено правеше разлика со која на полувреме замина со 20:12, а во вториот дел таа предност се одржуваше до конечните 38:27.

Дополнителен проблем за Македонија беше и повредата на Марко Митев, а кој со носилки беше изнесен од теренот.

Најдобар кај Македонија беше Филип Кузмановски со шест погодоци, а пак кај Словенија најдобар беше Алекс Влах со девет погодоци.


Во нашата група Словенија е прва со максимални осум бодови, Литванија е втора со шест бодови, Македонија е трета со два бодови, а пак Естонија е последна без бодови.

Македонија за место на ЕП ќе мора да се бори во мај месец кога прво ќе играме со Естонија во гости, а потоа дома со Литванија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!