Ракомет

Познати сите екипи кои ќе играат во плеј-офот и плеј-аутот на Првата ракометна лига

Сподели
Сподели

Заврши регуларниот дел од Првата ракометна лига на Македонија, остануваат да се одиграат три натпревари, но поради трагедијата која се случи во Кочани, истите беа одложени.

Требаше Кичево да игра дома против Металург РА и Јехона против Овче Поле, а пак Астраион и Мулти Есенс во Струмица.

Но, и без овие натпревари познати се сите патници во плеј-офот и плеј-аутот.

Тоа значи дека во плеј-офот на Првата лига каде ќе се разигрува за влез во Суперлигата ќе настапуваат Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Метарлуг РА, Овче Поле и Јехона од групата А, додека пак од групата Б ќе настапуваат Младост Богданци, Драчево, Македонија ЃП, Вардар Неготино и Скопје.

Во плеј-аутот ќе настапуваат Кичево, Аеродром и Астраион од групата А, а пак од групата Б тоа ќе бидат Партизан, Шампион, штипски Текстилец и Преспа Вардар од Ресен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со своите помошници Милан Илиевски и Иван Јовановски, обезбедија пласман во финалето...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во квалификациите за Европското првенство, откако со минимални 1:0 ја совлада селекцијата...

Поврзани написи
Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ...

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи...

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!