ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Дориев постигна два гола, но неговата Согдиана загуби од Навбахор Наманган

Сподели
Сподели

Македонскиот интернационалец Љупчо Дориев постигна нови да гола во дресот на Согдиана, но неговиот тим загуби од Навбахор Наманган во рамки на 2. коло од Суперлигата на Узбекистан со резултат од 2:3.

Тимот на Дориев во два навради го израмнуваше резултатот, но сепак на крај загуби.

Гостинот во 2. минута го отвори резултатот, а во 14. минута Дориев постигна гол за 1:1, резултато со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел гостинот во 66. минута дојде до нова предност, а по десет минути игра Дориев со втор гол израмни на 2:2. Сепак, во финишот од мечот во 90. минута противникот дојде до конечните 2:3 и со тоа ги освои трите бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Новак Ѓоковиќ искажа сочувство за големата трагедија во Кочани

По големата трагедија која се случи во Кочани, каде што по пожарот во дискотеката животот го загубија најмалку 59 лица, најдобриот тенисер на...

Ракомет

Фаворитите според планот: Високи победи за Ѓорче Петров, Металург Автокоманда и Чаир

Високи и убедливи победи за фаворитите во рамки на 8. коло од плеј-офот на женската ракометна Суперлига, во натпревари кои се одиграа во...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Игор Ѓорѓиев најдобар стрелец во Трета лига – Исток, кои играчи може да го стигнат?

Изминатиот викенд беше отворен пролетниот дел на Трета лига – Исток со...

ИнтернационалциФудбал

Натпреварите во српската Суперлига започнуваат со минута молк поради трагедијата во Кочани

Натпреварите од 28. коло на српската Суперлига започнуваат со минута молк поради...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!