Трета лигаФудбал

Натпреварите во Трета лига – Исток ќе започнат со минута молчење поради смртта на Мартин Ташов

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Сите натпревари од 11-тата рунда на Третата фудбалска лига – Исток, кои ќе се одиграат оваа недела, ќе започнат со едноминутно молчење во чест на поранешниот фудбалер на Карбинци, Мартин Ташов, кој трагично загина во сообраќајна несреќа пред три дена.

Ташов беше дел од екипата на Карбинци во два наврати, првиот пат  дресот на овој тим го носеше во период од август 2020 до јануари 2022 година, а претходно од август 2015 до февруари 2016 година. Пред тоа, настапуваше за Кежовица и во два наврати за Балкан.

Неговиот последен официјален натпревар го одигра на 18. април 2021 година, во рамки на 16. коло од сезона 2020/2021 на Третата лига – Исток, кога Карбинци ја победи Тиверија со 0:3 на гостински терен во Струмица.

Натпреварите од 11. коло ќе започнат во 15 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!