Трета лигаФудбал

Време е за големо дерби: Тетекс против Влазерими во битката за првото место и баражот за Втора лига!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977 | АРХИВА
Сподели

Овој викенд ќе се играат натпреварите од 14. коло на Трета лига – Запад, оваа рунда го носи големото дерби меѓу Тетекс и Влазерими во битката за првото место и обезбедување на баражот за можен влез во Втората лига.

Тетекс минатата сезона испадна од Втора лига и сака да направи експресно враќање во Втората лига, но за таа цел ќе треба најпрво да го сочува првото место со цел да стане шампион во Трета лига – Запад, а потоа да триумфира и во баражот.

Од друга страна Влазерими кој две сезони по ред е шампион на Западот никако да ги помине баражите. Пред две сезони загуби од Башкими во баражот, а потоа ниту во ждрепката од поразените екипи немаше среќа, а минатата сезона беше поразен од Борец и на тој начин Влазерими две сезони во низа не може да ги помине баражите.

Тоа е една од причините зошто и Спортска Мрежа реализираше неколку емисии и разговаравме на повеќе теми се со цел да баражите конечно станат минато и шампионите во Трета лига да имаат директен влез во Втора лига.

Можеби една од опциите треба да биде и кратење на регионите во Трета лига, се со цел да се добие и на квалитет.

Тетекс е на врвот од табелата со 32 бодови на своето конто и е единствениот непоразен тим, а пак Влазерими е втор со бод помалку односно 31.


Нивното меѓусебно соочување е клучно, бидејќи Тетекс со триумф ќе има четири бодови повеќе во однос на Влазерими и ќе направи сериозен исчекор кон баражот за Втора лига, а пак триумф за Влазерими ќе значи дека тимот од Кичево ќе избие на првото место со два бода повеќе во однос на Тетекс, кој во таков случај би бил втор.

Со реми и поделба на бодовите нема да има промени на местата, Тетекс ќе биде на врвот, Влазерими ќе остане втор со бод помалку, па и двете екипи ќе продолжат да водат неизвесна трка.


Ланскиот второлигаш Тетекс преку соопштение побара поддршка од навивачите во битката за трите бодови.

„Фудбалскиот клуб Тетекс го започнува новиот дел од сезоната со нова енергија, нови предизвици и секако, со единствена цел – победа и враќање во повисокиот ранг на натпреварување! Оваа недела, нашиот тим излегува на терен против екипата на ФК Влазрими во натпревар кој ветува голема борба и возбудлива фудбалска атмосфера. Ги повикуваме сите навивачи и симпатизери на ФК Тетекс, како и сите вистински љубители на фудбалот, да дојдат на стадион и со својот глас и поддршка да го водиме нашиот тим кон уште една победа“, се вели во соопштението на тетовскиот клуб.

Тимот од Кичево преку соопштение бара поддршка од навивачите на мечот кој се игра во Тетово со цел да има ветер во грб на можеби најважниот меч во сезоната.

„Почитувани кичевчани, знаеме дека во недела вашата поддршка нема да изостане во Тетово, затоа ве замолуваме да бидете масовно присутни и да го поддржите нашиот клуб кон целта и победата која сите ја посакуваме. Апелираме и до вас спортски да ја поддржите екипата, задржувајќи ја својата присебност и културно спортски да се навива во Тетово“, велат од клубот од Кичево.

Натпреварот се игра в недела со почеток од 15 часот.


14-тото коло ќе се отвори во сабота со два меча, Дрита ќе го пречека Камјани, а пак Џепчишти против Речица.

В недела ќе играат Вардар и Љуботен во Брвеница, Доброшти против Ренова, а пак Зајази против Велазерими од Слатино.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Како Десниќ и Трпески го „урнаа“ Вардар Неготино на „Цвај арената“ во финишот!

Лидерот Шкендија Арачиново потешко од очекуваното славеше на „Цвај арената“ каде во самиот финиш од мечот преку пресврт го доби Вардар Неготино со...

Некатегоризирано

Јанта Волеј ја заврши европската авантура во ЛШ, продолжува во ЦЕВ Купот

Македонскиот шампион Јанта Волеј ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на шампионите, откако и на реваншот во Франција беше поразен од тимот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Како Десниќ и Трпески го „урнаа“ Вардар Неготино на „Цвај арената“ во финишот!

Лидерот Шкендија Арачиново потешко од очекуваното славеше на „Цвај арената“ каде во...

Младински фудбалФудбал

Villarreal CF ја отвора првата официјална фудбалска академија во Македонија

Villarreal CF ја продолжува својата меѓународна експанзија преку проектот Villarreal Academy со...

Трета лигаФудбал

Алимовски најдобар стрелец во Трета лига – Југ, кој е втор и колку погодоци има?

По осум одиграни кола во Трета лига – Југозапад, најдобриот стрелец има...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!