Женскиот фудбалски клуб Речица денес со почеток од 15 часот ќе одигра Меѓународен пријателски натпревар со екипата на Машинац од Ниш, Србија.
Ова ќе биде уште една можност за овој тим да ја провери својата форма, а во рамки на Првата женска фудбалска лига екипата на Речица се бори да го избегне бараж местото и да обезбеди директен опстанок.
Во рамки на 17. коло во домашното првенство, екипата на Речица на домашен терен ќе игра со Скопје, а овој меч пак е закажан за во недела од 11:30 часот.