Ракомет

РК Радовиш промени тренер, но се врати на поразите! Пред радовишани е сериозен предизвик за опстанок!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометниот клуб Радовиш ќе биде ставен пред сериозен предизвик да го сочува суперлигашкиот статус и за следната сезона, радовишани се на дното од табелата во регуларниот дел со четири бодови на своето конто, практично, Радовиш е најслабиот тим во лигата статистички, но и со тоа што е „закован“ на дното.

Со учинок од една победа, две ремија и 18 порази, со најмалку постигнати погодоци одосно 484 и најмногу примени погодоци, односно 716 гола, Радовиш го очекува „жешка“ пролет.

Минатата сезона многумина не веруваа дека Радовиш може да направи чудо, преку бараж да го совлада ланскиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 и да направи експресен кам-бек во Суперлигата, но и тоа се случи, младото тренерско дуо- Спасе Ѓоргиев и Александар Долдуров успеаја во таа цел.

Клубот во првиот дел од актуелната сезона имаше многу турбуленции, започна со подготовки на две недели пред почетокот на сезоната, финансиски проблеми… со само еден освоен бод во ремито со Борец Ф.Л. на домашен терен, и така го заврши есенскиот дел од сезоната. За време на зимската пауза започнаа да дуваат позитивни ветришта, за што Спортска Мрежа ги најави засилувањата кои пристигнаа и клубот започна да се нормализира и стабилизира.

Под водство на Ѓоргиев и Долдуров следуваше победата над Струга на домашен терен и ремито во Велес со Борец Ф.Л. за потоа, сосема неочекувано, клубот да ангажира нов тренер.

Искусниот стратег- Игор Котевски ќе биде пред сериозен предизвик, Радовиш значително се засили и од аспект на тоа што беше тимот во првиот дел и во вториот дел, разликата во квалитет е голема. Котевски тргна со два порази од Еурофарм Пелистер во Битола, иако овој меч требаше да се игра во Радовиш, како и со пораз од Пролет во Скопје, со што првата деби-победа Котевски ќе ја бара против Куманово на домашен терен во рамки на последното коло од регуларниот дел.

Радовиш сега има квалитетен ростер на играчи и алиби не може да се бара кога е во прашање опстанокот, бидејќи тоа ќе биде и цел – Радовиш да игра Суперлига и во следната сезона. Веќе се познати и сите екипи кои ќе играат во плеј-аутот. Покрај Радовиш, тоа ќе биде и Струга, Борец Ф.Л., Куманово, Прилеп и Пролет.

Пред Радовиш е навистина тежок предизвик, квалитетен ростер има, шанси и можности има, клубот финансиски е стабилен, но сега останува и најважното- што и како ќе одигра тимот и како ќе доаѓа до собирање на бодови. Притисокот е голем, а радовишката јавност ќе сака Суперлига и следната сезона, особено после реконструкцијата на СРЦ „25 Мај“.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!