Полека, но сигурно, ГРК Охрид го склопува тимот за наредната сезона, откако денес ги продолжи договорите со повеќе свои досегашни ракометари.
Имено, се работи за Гоце Ојлески, Наум Костов, Даниел Ѓорѓески, Дејан Кукуловски и Теимураз Орјоникидзе.
Искусниот голман, Ѓорѓески, како и левото крило- Ојлески, остануваат верни на Охрид до 2027 година, додека пак, Костов, Кукуловски и Орјоникидзе до 2026-та.
Исто така, валиден договор со клубот, за следната сезона имаат и капитенот- Тасески, Чаневски, Јотиќ, Цирар, Бојаниќ, Шипинкоски и Ристески.

Охрид ќе игра во плеј-офот и ќе се бори за место во Европа.