Трета лигаФудбал

Комесарот за делегирање судии во Трета лига – Запад, Музафер Исмаили на работни состаноци со судиите од тој регион!

Сподели
Сподели

Комесарот за делегирање на судии во Третата фудбалска лига – Запад, Музафер Исмаили изминатите неколку дена оствари средби со судиите од ОФС Кичево, ОФС Тетово и ОФС Гостивар.

На овие средби во пријатен амбиент се разговарало за есенскиот дел од сезоната во овој третолигашки регион, како и за пролетниот дел кој веќе започна.

Одлична е соработката, комуникацијата и координациите на Исмаили како комесар за делегирање на судии во Трета лига – Запад и судиите.

„Им посакувам на сите клубови кои се натпреваруваат во Третата фудбалска лига – Запад, успешна и ферплеј сезоната“, кратко изјава Исмаили за Спортска Мрежа.

Исмаили е максимално посветен кон тоа да има фер и коректно судење, а тоа се потврди во есенскиот дел од сезоната со коректното и фер судење, а целта е така да биде и во пролетниот дел од сезоната, но и во иднина.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!