ФудбалФудбалска репрезентација

Селекторот Капинковски го објави списокот на Македонија У-17 за квалификацискиот турнир во Шкотска

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 17. март до 26. март ќе учествува на квалификациски турнир во Шкотска за пласман на Европско првенство.

Нашата репрезентација е во група со селекциите  на Шкотска, Романија и Лихтенштајн. Турнирот го отвораме  на 19. март во натпревар против Шкотска во 16:30 часот.

Во второто коло, во истиот термин ќе играме против Лихтенштајн, а кругот го затвораме против селекцијата на Романија.

Сите натпревари ќе бидат одиграни на стадионот Broadwood, Cumbernauld.

Селекторот на Македонија до 17 години, Димитар Капинковски за квалификациските натпревари ги повика следниве фудбалери:

Голмани:

Антониј Трајковски – Работнички

Александар Трајков – А.П. Брера

Дарко Јовчев – Македонија Ѓ.П.

Одбрана:

Албан Рочи – А.П. Брера

Андреј Димовски – А.П. Брера,

Стефан Стаматоски – Вардар

Мартин Џангаровски – Македонија Ѓ.П.

Стефан Секирски – Беласица

Мухамед Мустафи – Ст. Гален (Швајцарија)

Матео Кесиќ – Бродарац (Србија)

Кристијан Маркоски – Келн (Германија)

Среден ред:

Иван Танчев – А.П. Брера

Давид Ангелевски – Пелистер

Лорент Жаку – Воска Спорт

Ненад Дамјановски – Домжале (Словенија)

Христијан Јевтовски – Вардар

Напад:

Иво Марковски – Вардар

Дитмир Хоџа – Воска Спорт

Флорент Османи – Шкендија

Стефан Бранковски – Марибор (Словенија)

Дамјан Буцевски – ИМТ (Србија)

Поради повреда, на овие квалификации на селекторот нема да му бидат на располагање Александар Грашевски, Бленди Ганиу и Ристе Стоилов.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!