Општинскиот фудбалски сојуз Неготино распиша оглас преку кои ќе се врши прием на нови млади судии и судијки.
„Општинскиот фудбалски сојуз Неготино, распишува оглас за прием на нови млади судии и судијки кои ќе поминат комплетна обука од стручни лица и кои ќе бидат примени во ОФС Неготино и пријавени за полагање во Фудбалската федерација на Македонија, како би се стекнале со право да судат натпревари кои се во организација на ОФС Неготино и Фудбалската федерација на Македонија“, се вели во огласот кој е распишан од страна на ОФС Неготино.
Сите заинтересирани може да се пријават на 070 324 650 кај Петар Мантев или на 075 318 337 кај Илија Гонев.