Останато

Одбојкарите на Струмица вечерва загубија од Штип УГД во „Јордан Мијалков“

Сподели
Сподели

Одбојкарите на Струмица вечерва во штипската сала „Јордан Мијалков“ беа поразени од актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Штип УГД со резултат од 3:1.

Шампионот Струмица првиот сет го загуби со резултат од 25:20, вториот сет штипјани го добија со 28:26 што беше повеќе од возбудлив и неизвесен.

Во третиот сет Струмица беше подобра, откако сетот го доби со 18:25, а пак во четвртиот сет штипјани беа подобри со 25:19 со што го добија натпреварот со 3:1 во сетови.

„Морам да признаам дека не го одигравме натпреварот онака како што посакувавме и онака како што се спремавме. Радува фактот дека и покрај сè, покажавме победнички менталитет и го добивме натпреварот со 3-1, резултат кој моментално нè избива на првото место на табелата. Време за одмор нема, веќе во сабота ни следи доста важен натпревар протв Работнички на гостински терен, за кој мораме добро да се подготвиме и да одиграме на високо ниво доколку сакаме да извојуваме победа, а со тоа и да го задржиме првото место на табелата“, ни изјави тренерот на Штип УГД, Кристиан Ристески.

За Штип УГД ова е голема победа, тимот предводен од тренерот Кристиан Ристески атакува на двојна титула. Штипјани сакаат одбрана на Куп титулата и атак на титулата во лигата, а пак Струмица сака одбрана на титулата и атак на Куп титулата.

Колку за потсетување и двете екипи се во завршницата од одбојкарскиот Куп на Македонија, а завршницата ќе се игра во Радовиш во СРЦ „25 Мај“ на почетокот од месец април.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!