ФудбалФудбалска репрезентација

Горан Станиќ го објави списокот со повикани фудаблери за натпреварите во Турција

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонија до 21 година ќе се соочи со Белорусија и Азербејџан во турска Анталија.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година во периодот од 17. до 26. март патува во Анталија, Турција на подготовки со новиот селектор Горан Станиќ. Во турското летувалиште, избраниците на кои ќе смета новиот предвводник на селекцијата ќе одиграат два контролни натпревари, првиот со Белорусија, а потоа против Азербејџан.

Со Белорусија ќе се соочиме на 21. март со почеток од 14:00 часот, а четири дена подоцна, на 25. март ќе играме против Азербејџан во 18:00 часот.

„Ќе го искористиме првиот наш заеднички собир за да ги запознаеме добро фудбалерите со методите на работа, како и тоа што ќе се бара од нив, како на тренинзите, така и на самите натпревари. Повикани се фудбалери од нашето првенство кои имаат најголема минутажа во своите клубови. Имаме повикани и неколку играчи од странство за кои сметаме дека може да го подигнат квалитетот на нашата репрезентација. Одредени фудбалери кои не се повикани на овој собир, а се потенцијални репрезентативни кандидати, ќе добијат можност на следниот собир кон крајот на мај. Очекувам дека идеите што ги имаме ние како стручен штаб ќе успеат самите фудбалери брзо да ги разберат и ефикасно да ги спроведат на теренот. Ке се потрудиме максимално подготвено да ги дочекаме квалификациите за пласман на ЕП кој ќе стартуваат во септември. Во рамки на овие подготовки ќе одиграме два натпревари против Белорусија и Азербејџан. На двата меча фокусот ќе биде ставен на нашата игра. Се надевам дека сите тактички замисли што ќе ги работиме во текот на подготовките да бидат спроведени на теренот“, рече селекторот Горан Станиќ.

Селекторот Горан Станиќ за подготовките и контролните натпревари во Турција се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Васко Василев – Гостивар

Љупче Џеков – Силекс

Славе Вргов – А.П. Брера

ОДБРАНА:

Давид Даилоски – Венло, Холандија

Даниел Марковски – Јеншепинг, Шведска

Андреј Аризанкоски – А.П. Брера

Анес Меличи – Шкендија

Марко Стојилевски – А.П. Брера

Ѓорге Џеков – Силекс

Бенан Хамидовиќ – Магдебург, Германија

Андреј Велков – А.П. Брера

Нуман Ајетовиќ – Шкупи

СРЕДЕН РЕД:

Матеј Ангелов – Работнички

Ѓорѓи Дошев – Македонија Ѓ.П.

Адриан Зенделовски – Олимпик, Шведска

Теодор Николовски – Работнички

Мартин Ѓоргиевски – А.П. Брера

Шабан Зенку – Струга Трим Љум

НАПАД:

Димитар Данев – Работнички

Димитар Трајков – Дуго Поље, Хрватска

Никола Величковски – Септември, Бугарија

Михаил Талевски – Вардар

Бесмир Даци – Шкупи

Кире Стојанов – Беласица

Никола Манојлов – Работнички

Квалификациите за пласман на ЕП 2027 година во Албанија и Србија ги започнуваме на почетокот на септември. Во првото коло играме против Полска на гости. Во второто коло, на домашен терен ја пречекуваме силната репрезентација на Италија.

Собирот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, ќе биде на 16. март, во хотел Парк, Скопје во 18:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!