Трета лигаФудбал

Влазерими убедлив против Зајази со три гола, Дрита ја доби Ренова!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Вчера беа одиграни два натпревари од 13. коло на Трета лига – Запад, кое коло треба да се докомплетира откако истото требаше да биде одиграно во последниот викенд од месец ноември минатата година, но поради снегот беше одигран само еден меч кога Тетекс со 1:0 славеше против Речица.

Влазерими одлично ја започна 2025 година откако со 0:3 на гостински терен го совлада тимот на Зајази, а сите три погодоци беа постигнати во вториот дел.

Мурат Адили во 53. минута постигна гол за отварање на резултатот и водство на Влазерими од 0:1. Потоа со два брзи гола во 65. минута Насаф Шабанов и Сутки Муслија ги поставија конечните 0:3.

Дрита на домашен терен во Боговиње со 2:1 славеше против Ренова. Ви првиот дел Хузри Џемаили постигна гол за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Брендим Рушити погоди за 2:0 во 77. минута, а шест минути подоцна Гетоар Хазири ги постави конечните 2:1.

Денес екипата на Џепчишти на домашен терен ќе игра со Камјани, Доброшти против Љуботен, а пак Вардар во Брвеница го чека Напредок.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!