Трета лигаФудбал

Реми на Аеродром и Пчиња, Беса ја совлада Фортуна во меч со седум гола!

Сподели
ФОТО: Екипата на Пчиња после големиот бод против Аеродром
Сподели

Вчера со два мече беше отврено 15. коло на Трета лига – Север, а кое ќе се комплетира со останатите натпревари денес.

Реми со по еден гол (1:1) на Аеродром и Пчиња, во меч каде гостинот обезбеди важен и голем бод на за нив тешкото гостување.

Гостинот преку Александар Спасовски во 44. минута го отвори резултатот за 0:1 на полувреме, а во вториот дел Андреј Алексоски во 67. минута ги постави конечните 1:1 за поделба на бодовите.

Беса од Слупчане со 4:3 забележа триумф против Фортуна и тоа преку пресврт по два гола негатива на полувреме. Мирхат Емини и Далип Саити погодија за 0:2 на полувреме.

Во Вториот дел Мерван Фетаи постигна брз гол за 1:2, а потоа со дав гола на Љавдрим Сулимани и голот на Шуајб Јашари домашниот тим дојде до пресврт и водство од 4:2. Во 70. минута Ахмет Реџеп ги постави конечните 4:3.

Денес лидерот Шкендија Арачиново на домашен терен ќе игра со Башкими Љуботен, БВК Коњаре против Куманово, Њу Старс против поранешниот второлигаш Кадино, Академиј Илинден против екс прволигаш Еуромилк ГЛ, а пак Ржаничино на домашен терен со Риниа.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски ги откри картите за Шкотска: Македонија со офанзивно трио на „Хампден парк“

Познати се стартните состави за вечерашната пресметка меѓу Шкотска и Македонија во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Селекторот Гоце Седлоски...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи триумф од 37:26 со што битолчани стигнаа до својата осма сезонска...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!