Втора лигаФудбал

Дерби од дното во Богданци за опстанок, Осогово сака ново изненадување, Башкими на домашен терен против Охрид!

Сподели
ФОТО: ФК Башкими
Сподели

Башкими на домашен терен денес во рамки на 20. коло на Втората лига ќе го пречека тимот на Охрид, каде домаќинот предводен од Баже Јанакиевски сака продолжува на победничката низа и нови три бодови со кои би можел да избие на првото место во Втората лига, а од друга страна и тоа да не се случи Башкими од коло во коло ќе биде се поблиску до влез во Првата лига.

Денес се игра првиот пролетен натпревар во Македонска Каменица, суспензијата на стадионот заврши, која беше изречена за два натпревари, Каменица Саса пред својата публика го чека лидерот Македонија ЃП.

Незгодно гостување за „лавовите“ од Ѓорче кој не смеат да погрешат против Саса, со цел да не го загубат лидерското место на табелата, бидејќи тоа го чека Башкими. Саса е повеќе од мотивирана, после одлични резултати во пролетниот дел, освен поразот во Велес, враќањето во Македонска Каменица ќе биде вистински фудбалски празник со многу публика и ветер во грб за „рударите“ до нов голем успех против фаворитот од Ѓорче.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

На нивното прво соочување немаше победник, двете екипи ремизираа играјќи 1:1.

На „Железарница“ во Автокоманда ќе се соочат Скопје и Детонит Плачковица во дуел од средишниот дел на табелата, каде трите бодови им се императив и на двете страни со то би можеле да прогресират на табелата.


Радовишани ќе сакаат позитивен резултат после изненадувачкиот пораз од Осогово на свој терен, а пак „пиратите“ на Љупчо Марковски – Калц ќе сакаат нов триумф со што би можеле да избијат и на петтото место на табелата. Секако дека целта на двете екипи е што е можно повисок пласман на табелата.

Новаци нема можност за опуштање бидејќи веќе конкурентите за опстанок го стигнаа, а дополнително има само седум бодови повеќе од бараж зоната. Денес тимот на Дарко Крстески ќе се соочи со фаворитот Арсими, каде ќе има голема борба на теренот за освојување на целиот „плен“.

Арсими не смее да си дозволи нов „луксуз“ за загуби или ремизира на патот кон местата за Прва лига, а од друга страна Новаци повеќе од сигурно на свој терен ќе сака позитивен исход, патем Новаци секогаш се покажал како незгоден и тврд противник на свој терен.


Арсими нема триумф на теренот во Новаци, а има доживено неколку проази таму од 3:0 на пријателски меч и од 2:0 на првенствен натпревар кој се играше на 12. август 2023 година, односно на првото коло од минатата сезона, па тоа ќе биде голема претпазливост за тимот од Чегране, иако по квалитет е неколку пати подобар од Новаци.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Осогово сака ново изненадување сака три бодови бидејќи денес оваа рунда може да направи промени во долниот дел од табелата, а тоа ќе биде силен притисок за Осогово. Во Кочани гостување Брегалница, а „жетварите“ во Штип извлекоа бод откако одиграа 1:1, а денес во најмала рака Осогово ќе сака бод, но и триумф против Брегалница.

Победата над Детонит Плачковица во претходното коло им дава повеќе од мотив на „жетварите“ денес на „Никола Мантов“ да истрчат во обид за три бодови. Брегалница ќе биде фаворит на овој меч на тешкиот терен за освојување на бодови, а Осогово ќе се потпира на домашниот терен и на домашната публика и навивачите.


Во Богданци се игра дерби од дното на табелата каде Вардарски ќе го пречека Борец, дерби на две екипи кои се во опасната зона и дерби од кое зависи иднината на Вардарски, односно дали ќе остане конкурентен за баражот или и тие шанси ќе ги сведе на минимум.

Борец е поквалитетен тим во однос на Вардарски кој е составен од млади играчи и неколку поискусни играчи како Бејков и Танов. Триумф за Борец ќе значи ист број на бодови како и Осогово односно 13, ако Осогово загуби дома од Брегалница, триумф за Вардарски ќе значи зголемување на шансите за бараж на тимот од Богданци, а Борец ќе биде чекор назад одново во трката за директен опстанок, па ќе остане баражот како цел. Многу комбинации, но во Богданци и Кочани ќе има интересни средби каде на сите четири екипи им требаат бодови и немаат право на калкулации.


Во Прилеп на „Гоце Делчев“ дерби на два поранешни прволигаши, дерби на два фудбалски бренда, Победа ја пречекува Беласица. Две екипи кои повеќе од јасно заслужуваат да бидат во Првата лига, во фудбалската елита на Македонија, но сега тие водат борба во долниот дел од табелата и сакаат мирна завршница од сезоната.

Победа е младата екипа, но и Беласица е млада играчи надополнета со неколку искусни играчи. Дерби на два фудбласки бренда во можеби најфудбалскиот град во Македонија, каде целта е три бодови и на едните и на другите.


На „Цвај арената“ во Неготино ќе се соочат Вардар Неготино и Кожуф, каде и двете екипи ќе бараат победа после минималните порази во претходното коло.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Кожуф е сигурен во средината од табелата и комотен, во однос на Вардар Неготино кој и натаму „виси“ кога е во прашање опстанокот бидејќи има само седум бодови предност во однос на бараж зоната и нема право на грешка ќе мора да собира бодови и во последните неколку кола да влезе опуштен и со сигурен опстанок.

Натпреварите од денешното 20. коло започнуваат во 14 часот, а на сите натпревари во ЖИВО ќе можете да ги следите на овој линк.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!