Втора женска фудбалска лигаФудбал

Вардар како голем фаворит го пречекува Борец – девојките на Теодора Димитровска атакуваат на нов триумф!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Денес се отвара деветтото коло во Втората женска фудбалска лига, со мечот на „Цементарница“ каде Вардар во улогата на голем фаворит ќе го пречека „фенерџијата“ Борец.

Девојките на Теодора Димитровска ќе атакуваат на седмиот сезонски триумф, пред Вардар е цел да се сочува второто место и преку нов бараж тимот да се обиде да обезбеди историско учество во Првата женска фудбалска лига.

Вардар тргна одлично со триумф против Плачковица од Радовиш со 0:4 на теренот во Раклиш.

Борец во претходното коло на домашен терен беше убедлив против Победа од Валандово и тоа беше донекаде и изненадување, но и натаму тимот од Велес останува „закован“ на дното и тоа со само еден бод, откако претходно на Борец му беа одземени три бодови.

Натпреварот на „Цементарница“ ќе започне во 10 часот, а правдата ќе ја дели Моника Даштевска од Скопје.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Колото ќе се комплетира утре со останатите три натпревари. Лидерот Кочани на домашен терен ќе го пречека тимот на Порече од Македонски Брод. Домаќинот по ремито со Билјанини Извори во претходното коло сега ќе цели кон висока и сигурна победа на патот кон враќање во Првата лига.

Гостинот од Македонски Брод е свесен за тежината на мечот и оди со цел да одигра што е можно подобро против најквалитетни тим во лигата.

Натпреварот ќе започне во 14 часот, а главен судија ќе биде Александра Спасова од Свети Николе.


Билјанини Извори како голем фаворит на теренот со вештачка трева во Охрид ќе ја пречека радовишка Плачковица. Охриѓанки по ремито со лидерот во Кочани, утре против радовишкиот тим ќе атакуваат на голем триумф со што Билјанини Извори ќе продолжи да притиска за да го освои второто место и преку бараж да се обиде да се врати во елитата.

Натпреварот е закажан за во 11 часот, а правдата ќе ја дели Дарко Котевски од Битола.


Победа Валандово на домашен терен ќе бара прв пролетен триумф откако во претходното коло во Велес беше шокиран тимот од Валандово, а пак Слободен ќе атакува на дури првиот историски триумф како второлигаш.

Овој натпревар се игра во Валандово, а ќе започне во 11 часот, за правдата ќе биде задолжена Виолета Јанчева од Гевгелија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!