Втора лигаФудбал

Наумов: Формата оди во нагорна линија, имаме добар распоред, Брегалница оди чекор по чекор!

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Новиот тренер на Брегалница, Ристе Наумов ја имаше првата изјава по превземањето на тренерското столче на второлигашот од Штип. Наумов имаше победничко деби на тренерската клупа откако со 2:0 Брегалница го совлада „фенерџијата“ Вардарски на домашен терен.

Наумов вели дека играчите после победата против тимот од Богданци ја подигнале самодовербата, додека дека Брегалница ќе оди чекор по чекор.

„Играчите после победата над Вардарски ја подигнаа самодовербата и психолошки се на највисоко ниво. Формата оди во нагорна линија. Распоред на натпревари е добар, одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, максимално концентрирани за секој нареден предизвик. Јас, како шеф на стручниот штаб сум задоволен од залагањето на сите фудбалери во тимот и дисциплината и хемијата која владее во соблекувалната“, вели Наумов.

Веќе утре во рамки на 20. коло Брегалница ќе гостува во Кочани каде ја очекува гостување против тимот на Осогово, кој се бори за опстанок во Втората лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од девет натпревари, но саботното дерби со Алкалоид може значително да ја...

Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници на институциите, денеска беше дел од делегацијата која...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!