Трета лигаФудбал

Дел од третолигашите од Истокот реагираат на изјавата на министерот Ристовски и бараат доделување на спортски субвенции

Сподели
Сподели

После изјавата на министерот за спорт, Борко Ристовски, дека спортот не е земјоделска или социјална категорија па да се субвенционира и со тоа што беше најавено дека нема да има субвенции за Третата лига во било кој спорт, дел од третолигашите на Истокот го креваат гласот и бараат доделување на субвенции.

Според информациите на Спортска Мрежа четири екипи се приклучија на инцијативата, се работи за ФК Карбинци, ФК Малеш, ФК Овче Поле и ФК Дојранско Езеро.

„Реагираме на одлуката и изјавата на Министерот за спорт Борко Ристевски, со која информира дека клубовите од третолигашката конкуренција во Македонија нема да добијат финансиска помош од државата, односно нема да бидат опфатени со системот на ваучери. Веднаш на почеток да кажеме дека исклучуваме било каква политичка позадина на оваа наша реакција, политиката не не интересира, ние само сакаме да бидеме рамноправно третирани како и сите други спортски клубови кои настапуваат во официјална конкуренција во државата. Во секој случај, една ваква изјава можеби немаше да не изненади ако дојдеше од министер кој не бил спортист, но кога доаѓа од така големо има, од спортист со реноме како Борко Ристовски, во најмала рака е зачудувачки. Се надеваме дека станува збор за несреќна и избрзана изјава на министерот, кога кажа дека третолигашите не се социјална или земјоделска категорија па да добиваат субвенции. Настрана од таквата изјава, дискриминативна е одлуката само прволигаши и второлигаши да добиваат ваучери, а третолигашите, кои исто така се натпреваруваат во официјална конкуренција во истата држава, не во некоја соседна, да не добиваат ништо“, ова е наведено во иницијативата.

Како што се вели во иницијативата за секој третолигаш добредојдена ќе биде помошта од државата преку овие субенции.


„Клубовите во третите лиги се во најголем дел финансирани од локалните самоуправи, и тоа се всушност средства за преживување. Во Третата лига многу е мал интересот за спонзорирање од компаниите, и за секој третолигаш од драгоцено значење би била помошта која се добива со државната помош, со ваучерите. Еден од аргументите на министреот беше и дека наводно со давањето ваучери не се подобрила состојбата, квалитетот во третите лиги. А дали се подобри во Првата, Втората лига? И не само во фудбалот? Тоа е прашање кое треба да се постави, и прашање дали во највисоките конкуренции квалитетот зависи толку многу од ваучерите или државната помош? А за третата лига, дефинитивно таква помош би значела многу. На крајот на краиштата, ако така се размислува, треба ли да постои Трета лига? Ете, нека ги нема тие повеќе од шеесетина клубови кои значат спортски живот и во некои помали средини (некаде и единствен спортски живот). Министерот потенцира уште еден аргумент, кој за волја на вистината, е единствениот кој реално држи вода. Тоа е дека во минатото имало злоупотреба при распределбата на ваучерите. И за поздравување е иницијативата да се расчисти со злоупотребите, да одговараат оние кои ги правеле. Но, дали не е повторно селективност или злоупотреба ако е вистина дека и сега дел од третолигаши добиле средства на крајот на минатата година, за што дел од второлигаши споделуваа скриншотови од апликацијата Openfinace. Зошто некои третолигаши би добиле, некои не“, е наведено во иницијативата.

Во самата иницијатива се надеведени три начини како може да се реализираат субвенции, а притоа да нема злоупотреби на истите.

„Ако е проблем дека се можни злоупотреби од страна на клубовите, сметаме дека има решение и за ова. Средствата, доколку не одат по системот на ваучери кои потоа клубовите треба да ги реализираат со компании кои ќе имаат интерес за тоа (моделот кој функционираше пред некоја година), едноставно можат да се доделат без воопшто да стигнат до сметките на клубовите. Има неколку начини:

1.Сите клубови плаќаат котизација за учество во Третата фудбалска лига, па наједноставен начин е да им биде платена таа котизација, со тоа што средствата директно ќе бидат префрлени на Општинските фудбалски сојузи кои ги водат третите лиги, а клубовите ќе бидат ослободени од таа обврска.

2.Сите клубови се обврзани да имаат млади играчи , до 21 година. Може секој клуб да понуди тројца играчи до 21 година, на кои Министерството ќе им додели годишна стипендија, која ќе ја добива додека настапува во тој клуб.

3.Третата опција е доделување на спортска опрема на клубовите, што исто така е варијанта во која ќе се избегне можноста за злоупотреба, ако се смета дека тоа е единствениот проблем кога станува збор за можна злоупотреба“, е наведено во инциијативата.

Во Македонија има пет региони на Трета лига, тоа се Исток, Југ, Запад, Север и Југозапад. Според нашите информации ќе има и други екипи од другите региони кои би се приклучиле на оваа иницијатива. Во Трета лига – Југ најгласен е Големо Коњари, реагираше и Влазерими од Кичево.


Како што е познато шампионите во Трета лига немаат директен влез во Втора лига, туку петте шампиони заедно со второлигашот кој ќе има на 14. место во Втората лига играат бараж за можен влез во Втора лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФудбалска репрезентација

Женската репрезентација на Македонија до 17 години ја победи Словенија и го освои првото место на квалификацискиот турнир во Скопје

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа на квалификацискиот турнир (Б лига) за пласман во А дизивијата од квалификациите за...

ФудбалФудбалска репрезентација

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за дуелите со Лихтенштајн и Велс

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за претстојните натпревари од квалификациите против Лихтенштајн на 22....

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Тиверија Брера од Струмица врши уписи на девојчиња од 6 до 15 години

Женскиот фудбалски клуб Тиверија Брера од Струмица врши уписи за девојчиња од...

ФудбалФудбалска репрезентација

ОФС Неготино распиша оглас за прием на нови млади судии и судијки!

Општинскиот фудбалски сојуз Неготино распиша оглас преку кои ќе се врши прием...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!