Брера Струмица никако да победи во пролетниот дел откако и денес со гол во финишот загуби од Гостивар и одново останува со празни раце, па веќе сериозно се загрозува опстанокот.
Гостивар преку голот на Хари Ли Ервин во 89. минута дојде до триумф во Струмица и ги собра трите бодови, а пак Брера запиша втор пораз во низа во првенството, а во рамки на 22. коло во Првата лига.
Беса во целост потврди на денешниот меч против Силекс и убедливо беше декласирана со 0:5. Кратовскиот тим на полувреме преку Алиќ, Ѓорѓиевски и Хрвановиќ имаше 0:3, а во вториот дел Маронг и Донов со одличен гол ги поставија конечните 0:5.
Беса никако да забележи триумф и останува на дното од табелата, а пак Силекс сега е на два бода негатива од лидерот Шкендија.
Токму Шкендија загуби од шампионот Струга Трим Лум во дербито покрај езерото со 3:0. Стружани под водство на новиот стратег Илчи Ѓорѓиески конечно победи и ставија крај на лошата серија резултати.
Радич беше двоен стрелец, а еден гол постигна и Радески, сите во вториот дел.
Тиквеш со голот на Садик во 90. минута се израдува на триумф против Шкупи на домашен терен од 1:0, во меч каде гоститнот од првиот дел беше со играч помалку на терен.
Домашна победа од 1:0 забележа и Пелистер против Воска Спорт со голот на Бошковски кој стрелаше во 65. минута.
Вардар со 0:2 ј доби скопската пресметка со Работнички, со што веќе оди кон сигурен опстанок. Омерагиќ не реализираше пенал, а пак Спахиу потоа погоди за 1:0 на полувреме. Во финишот од мечот Мато постигна гол за конечни 0:2.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА:
Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | ФК ШКЕНДИЈА АД | 22 | 13 | 7 | 2 | 37 | 18 | +19 | 46 |
2 | ФК СИЛЕКС АД | 22 | 13 | 5 | 4 | 38 | 14 | +24 | 44 |
3 | КФГ ГОСТИВАР АД | 22 | 11 | 10 | 1 | 28 | 9 | +19 | 43 |
4 | ФК РАБОТНИЧКИ АД | 22 | 11 | 8 | 3 | 27 | 12 | +15 | 41 |
5 | ФК СТРУГА-ТРИМ-ЛУМ АД | 22 | 10 | 5 | 7 | 27 | 27 | 0 | 35 |
6 | ФК ШКУПИ-1927 АД | 22 | 9 | 4 | 9 | 33 | 28 | +5 | 31 |
7 | ФК ПЕЛИСТЕР АД | 22 | 6 | 8 | 8 | 13 | 22 | -9 | 26 |
8 | ФК ВАРДАР АД | 22 | 5 | 5 | 12 | 18 | 31 | -13 | 20 |
9 | ФК АП БРЕРА СТРУМИЦА АД | 22 | 5 | 5 | 12 | 23 | 37 | -14 | 20 |
10 | ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци | 22 | 3 | 9 | 10 | 10 | 21 | -11 | 18 |
11 | ФК ВОСКА СПОРТ АД | 22 | 4 | 6 | 12 | 21 | 37 | -16 | 18 |
12 | ФК БЕСА 1976 АД | 22 | 3 | 6 | 13 | 14 | 33 | -19 | 15 |