Втора лигаФудбал

Победничка „фотка“ на момците на Крсте Крстев – Осогово го освои Радовиш!

Сподели
Сподели

Осогово конечно се израдува на пролетен триумф откако во Радовиш со минимални 0:1 го доби Детонит Плачковица со голот на Владимир Жоглев.

Оваа е само трет сезонски триумф за Осогово и прв под водството на Крсте Крстев кој го превзема клубот за време на зимската пауза, а пред кого е тешка борба за опстанок. Овој триумф е многу важен за тимот на Крстев.

„Жетварите“ остануваат и натаму на 14. место или во бараж зоната со тоа што сега имаат 13 бодови или седум помалку од 13. место каде што е Вардар Неготино, кој има 20 бодови, како и Новаци кој е на 12. место исто така со 20 бодови.

Во следното коло Осогово на домашен терен ќе се соочи со Брегалница од Штип, во меч каде трите бодови ќе бидат единствена цел и на едните и на другите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!