Втора лигаФудбал

Осогово и Борец конечно победија, Башкими преку пресврт ја освои Струмица, триумф за Арсими и Охрид

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Денес беа одиграни натпреварите од вонредното 19. коло, а во рамки на истото Башкими преку пресврт со 1:2 ја освои Струмица откако славеше против Беласица.

Нула беше во првиот дел од мечот, а во 52. минута Александар Коцев постигна гол за 1:0, но радоста траеше четири минути кога Хебиб Саити погоди за 1:1. Во 84. минута од натпреварот на „Благој Истатов“ Филип Алексовски постигна гол за 1:2 и голема победа на Башкими.

Највисока победа однесе Македонија ЃП откако лидерот со 4:0 го декласираше Новаци и со тоа „лавовите“ запишаа победа по два порази во низа. Крсте Велкоски и најдобриот стрелец Симеон Христов беа стрелци на по еден гол, а пак Кире Маркоски постигна два гола.

Најавите на Спортска Мрежа се остварија, вчера најавивме дека Осогово оди на се или ништо и дека ќе се покаже тој натпревар тежок за Детонит Плачковица, секогаш е тешко да се игра против екипи кои се борат за опстанок, а Осогово преку новото засилување Владимир Жоглев дојде до важна победа од минимални 0:1.

Преку пресврт на победа се израдува конечно и Борец, откако славеше со 2:1 против Каменица Саса. „Рударите“ преку Мартин Димоски го отворија резултатот на 0:1. Потоа Флорент Османи во 42. минута и 63. минута го сврте резултатот на конечните 2:1.

Охрид со голот на Бојан Затуроски со минимални 1:0 го совлада Вардар Неготино на “Билјанини Извори”.

Арсими минимално беше подобар до екипата на Победа, гол на најдобриот стрелец во екипата Аљбин Рамадани за конечни 1:0.

Деби победа за новиот тренер Ристе Наумов, откако Брегалница со 2:0 славеше над “фенерџијата” Вардарски на Градскиот стадион во Штип.

Капитенот Давид Калпачки погоди за 1:0 на полувреме, а тоа за него беше шестиот сезонски гол. Во вториот дел во игра влезе Стојан Попоски и веднаш постигна гол за конечни 2:0.

Кожуф на домашен терен загуби со минимални 0:1 од тимот на Скопје, а стрелец на погодокот беше Матеј Митревски.

Лидер останува Македонија ЃП со 44 бодови, Башкими е втор со 42 бода, а а пак Брегалница е трета или во бараж зоната за Прва лига со 40 бодови, Арсини е четврти со 36 бода.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!