Втора лигаФудбал

Осогово ќе бара три бода на тешко гостување во Радовиш, Арсими нема право на грешка!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Денес се играат натпреварите од вонредното 19. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло може да направи промени на табелата, коло кое може да направи и поголеми притисоци кај екипите кои се загрозени за своите цели дали тоа било за опстанок или пак било за местата кои водат кон Прва лига.

Е кога е во прашање опстанокот Осогово е еден од тимот кој е сериозно загрозен, а ако и денес во Радовиш не забележи пролетен триумф, „жетварите“ ќе бидат пред уште поголем предизвик, па ќе се насочуваат и за баражот. Од друга страна Детонит Плачковица ќе сака голем триумф пред радовишката публика и продолжување на победнички ритам.

Арсими нема право на грешка против Победа, ако сака да остане во сериозна трка за местата за Прва лига, бодовно сега Арисми заостанува со шест бода во однос на Башкими кој е втор, но веќе нема право на грешки и ќе мора да забележи триумф против Победа, која пак е во серија позитивни резултати и сигурно е дека ќе сака да продолжи така и да извлече барем бод.

Борец против разиграната Саса ќе бара прв пролетен триумф, домашниот терен и домашната публика ќе бидат предност за велешани, а „рударите“ доаѓаат максимално расположени за нов триумф и пред се мотивирани бидејќи ќе бидат во позиција да напаѓаат и за баражот.

Брегалница ќе игра против „фенерџијата“ Вардарски со нов, тренер откако одлучи да се раздели со Трајче Сенев после огромниот пораз од Саса со 4:0 и го постави Ристе Наумов за тренер кој ќе ја води Брегалница денес. Но, се отвара и друго прашање колку има Брегалница квалитет во своите редови да парира на засилените Башкими, Македонија ЃП и Арсими во трката за местата кои директно водат кон Прва лига, ако се земе фактот што Брегалница има четири нови играчи, а пак конкурентите ангажираат по неколку квалитетни засилувања. Вардарски нема да биде мерило, но веќе од следно коло ќе бие секој натпревар тест за Брегалница.


Беласица на домашен терен ќе го пречека разиграниот Башкими, каде притисокот ќе биде на страната на гостинот да не погреши и да го сочува првото место. Струмичани склопија одличен мад тим надополнет со неколку искусни фудбалер, кои се спремни за докажување и за победи, а Башкими ќе биде вистински тест токму за тоа. Трите бодови се императив и кај едните и кај другите.

Во Гевгелја ќе се соочат Кожуф и Скопје, две екипи од средината на табелата, кои сакаат да победат на денешниот меч и со тоа направат прогрес за што е можно подобар пласман на табелата.


Охрид и Вардар Неготино во меѓусебно соочување каде и двете екипи сакаат нов триумф. Охриѓани преку пресврт ја добија Беласица на домашен терен и сега против тимот од Неготино сакаат нов триумф со што би можеле да прогресираат на табелата. Фаворитска улога ќе биде на страната на Охрид.

Натпреварите ќе започнат во 14 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФудбалска репрезентација

Женската репрезентација на Македонија до 17 години ја победи Словенија и го освои првото место на квалификацискиот турнир во Скопје

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа на квалификацискиот турнир (Б лига) за пласман во А дизивијата од квалификациите за...

ФудбалФудбалска репрезентација

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за дуелите со Лихтенштајн и Велс

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за претстојните натпревари од квалификациите против Лихтенштајн на 22....

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Тиверија Брера од Струмица врши уписи на девојчиња од 6 до 15 години

Женскиот фудбалски клуб Тиверија Брера од Струмица врши уписи за девојчиња од...

ФудбалФудбалска репрезентација

ОФС Неготино распиша оглас за прием на нови млади судии и судијки!

Општинскиот фудбалски сојуз Неготино распиша оглас преку кои ќе се врши прием...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!