Останато

ВИДЕО: Одбојкаркиот Куп на Македонија повторно ќе се игра во Радовиш

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Купот на Македонија во одбојка повторно ќе се игра во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Финалинот турнир во машка и женска организација повторно ќе биде во Радовиш, кој ќе биде по вторпат домаќин на завршницата.

Радовишани се покажаа како одлични организатори на завршницата на Купот во 2023 година, со што сега продолжува соработката меѓу Одбојкарската федерација на Македонија и општина Радовиш како технички организатор.

СРЦ „25 Мај“ е со реновиран под и трибини, па тоа значи и подобри услови за одигрување на вакви големи натпреварувања.

Куп завршницата ќе се игра во три дена, односно од 3. април (четврток) до 5. април (сабота). На 3. април се полуфиналните дуели во машка конкуренција, следниот ден односно на 4 април, на програмата се полуфиналните натпревари кај дамите. На 5 април (сабота) закажани се финалните дуели, прво во женска, а потоа и во машка конкуренција.

Пласман во полуфиналето кај мажите обезбедија бранителот на титулата Штип УГД, Струмица 47&72, Борец и Работнички 71&22. Кај дамите во полуфиналето се најдоа Наковски Волеј, Јанта Волеј КВ, Фит Фан Волеј и Работнички Скопје.

Ждрепката за полуфиналните парови е закажана за 7 март (петок) во 13 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Спортска Мрежа разговараше со директорката на СРЦ „25 Мај“, Лолита Арсова, а една од темите беше и Купот на Македонија во одбојка кој ќе се игра во Радовиш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!