ФудбалФутсал

Реми во Крива Паланка на Осогово и Јувентус Серава, два гола на Сами Аљиљи!

Сподели
Сподели

Синоќа во Крива Паланка се комплетираше 12. коло од Втората футсал лига со мечот меѓу Осогово и Јуветус Серава кој заврши без победник, со шест погодоци за конечни 3:3.

Домашниот тим прв дојде до водство со голот на Кристијан Ристовски од шест метри во 3. минута од натпреварот, но пота веднаш Сами Аљиљи со два погодоци направи пресврт веќе во 5. минта од мечот на 1:2 за Јувентус Серава.

Пред крајот на првиот дел Михаил Павловски постигна гол за 2:2, па неизвесноста продолжи во вториот дел.

Во второто полувреме се случи нов пресврт, овој пат за домашниот тим кој во 26. минута дојде до водство од 3:2 со голот на Кристијан Станојковски, а девет минути подоцна Гезим Бакиевски постигна гол за конечни 3:3 и поделба на бодовите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!