Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Сподели
Сподели

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер – како Вардар Неготино може до бараж за опстанок во Втора лига?

Како што објави ексклузивно Спортска Мрежа во текот на вчерашниот дел – Горан Тодорчев е нов тренер на Вардар Неготино, човекот кој со успех го водеше тимот од Неготино во минатите сезони и важеше за стабилен второлигаш.

Управата реши да менува на тренерското столче и да го донесе 42-годишниот Тодорчев, кој ќе треба да го „гаси пожарот“ за лошите резултати во досегашниот тек од сезоната.

Тодорчев ќе има „десет шанси“ за да го спаси Вардар Неготино – десет мечеви вклучително веќе од утре против Охрид на „Билјанини Извори“, но директен опстанок ќе нема, само бараж, па таму во „финалето“ да се стигне до опстанок.

Тешко, многу тешко, но Тодорчев како што изјави за Спортска Мрежа свесен е за тежината, но овој предизвик го прифаќа со верување дека може да се стигне до баражот и преку истиот да се спаси сезоната, а со тоа следната сезона на „Цвај арената“ да се гледа второлигашки фудбал.

Вардар Неготино на неколку натпревари треба да освои само три бодови, таму апсолутно не смее да погреши дури и реми ќе биде неуспех – нормално ако сака бараж.



Такви ќе бидат мечевите против Големо Коњари, Слога Виница, Победа, но и на другите натпревари ќе треба да се бара цел „плен“.

  • Како ќе вози вардаровиот воз до крајот на сезоната во Втора лига?

21. коло Охрид – Вардар Неготино
22. коло Вардар Неготино – Скопје
23. коло Големо Коњари – Вардар Неготино
24. коло Вардар Неготино – Детонит Плачковица
25. коло Слога Виница – Вардар Неготино
26. коло Вардар Неготино – Беласица
27. коло Шкендија Арачиново – Вардар Неготино
28. коло Вардар Неготино – Осогово
29. коло Победа – Вардар Неготино
30. коло Вардар Неготино – Кожуф

Три бодови мора од мечевите со Големо Коњари, Слога Виница и Победа, до три бодови тимот од Неготино ќе атакува сигурно против Детонит Плачковица, Осогово и Кожуф.

Мечевите со Охрид (веќе утре), Скопје, Шкендија Арачиново и Беласица ќе биде многу тешки.



Вардар Неготино во моментот е на 12. место со 15 бодови, девет помалку од Каменица Саса која е на 11. место со 24 бодови односно „рударите“ се во бараж зоната за опстанок.

Девет бодови и не е така многу, но загрижува фактот што тимот од Неготино загуби од Саса и од Тетекс на стартот од пролетниот дел, а тоа беа натпревари кои требаше да се добијат.

Колку сега е и да победува Вардар Неготино, толку треба да грешат Саса и Тетекс

Ако Вардар Неготино ги добие Големо Коњари, Победа и Слога Виница ќе има сигурни девет бода, а потоа ќе треба на останатите натпревари да добие колку што може повеќе бодови – полесната група со Детонит Плачковица, Осогово, Кожуф а од фаворитите како Охрид, Скопје, Беласица и Шкендија Арачиново ќе биде потешко за бодови, но да видиме.



Тодорчев веќе утре ќе го има првиот тест – против лидерот Охрид на „Билјанини Извори“, а веднаш потоа на домашен терен со Скопје. Потоа ќе има можност тимот од Неготино за три од три – Големо Коњари, Детонит Плачковица, Слога Виница.

Последните три кола ќе бидат клучни, ако до 27. коло Вардар Неготино остане во сериозна игра тогаш може да има реални шанси за баражот бидејќи во 28. коло ќе се соочи со Осогово дома, Победа во гости и Кожуф дома.

Многу комбинации има и доста бодови во игра, но од коло во коло работите ќе бидат потешки ако не се освојува бодови, а ако се освојува бодови ќе биде друг ритамот до крајот од сезоната. Утре после 16:30 часот ќе биде првиот одговор – како ќе се врати Вардар Неготино од Охрид?



Управата на клубот требаше да реагира многу порано со промена на тренер уште во есенскиот дел кога клубот рушеше рекорди со високи порази, но тоа е што е….

Сподели

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски без петмина интернационалци на стартот во Крушево

Петмина интернационалци ќе го пропуштат утрешниот старт на подготовките за учеството во Европската лига 2026, кој селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија,...

Останато

Бронза за Милев во Унгарија, Љафтов, Ѓоргиев и Савовски „бркаат“ злато со своите клубови

Искусниот македонски репрезентативец и интернационалец Владо Милев и неговата Казинбарчика ја затворија сезоната во унгарското првенство со бронзен медал, односно како трет тим...

Поврзани написи
КупФудбал

Организиран превоз од Струмица за Куп финалето: Тиверија Брера со силна поддршка против Каменица Саса

Женскиот фудбалски клуб Тиверија Брера ќе се бори за трофејот во Купот...

Втора лигаФудбал

ФОТО: ЈП „Билјанини Извори“ со интензивен третман за подобрување на тревната подлога на стадионот во Охрид

Јавното претпријатие ЈП „Билјанини Извори“ спроведува интензивни пролетни активности за подобрување на...

Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново има најдобра одбрана: Антонио Столевски царува на голот!

Второлигашот Шкендија Арачиново може да се пофали со неверојатна статистика кога е...

КупФудбал

Полуфинални реванши во Купот: Силекс и Охрид во битка за финале, Шкендија фаворит против Шкендија Арачиново

Утре ќе бидат одиграни полуфиналните реванши од Купот на Македонија, а фокусот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!