ФудбалФудбалска репрезентација

Два порази на женската репрезентација на Македонија до 19 години од БиХ

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Два порази претрпе женската репрезентација на Македонија до 19 година од селекцијата на Босна и Херцеговина. Првиот меч го загуби со 4:2, а вториот со резултат од 4:0. Овие беа два контролни натпревари што се одиграа на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје.

Во 19. минута Уна Ранкиќ погоди за предност на Босна и Херцеговина. Нина Гарибија во 33. минута ја зголеми предноста. Две минути подоцна Таснем Џинџаревиќ погоди за убедливи 3:0.

Во продолжението од натпреварот, Јована Павловска во 64. минута погоди за намалување на предноста, но Јована Лана Новаковиќ веќе во следната минута го постигна четвртиот погодок за Босна и Херцеговина. Јована Павловска во 78. минута го постигна вториот погодок на денешната средба за конечни 4:2.

На вториот контролен дуел, противникот забележа убедлив триумф од 4:0. Ѓиѓаревиќ во 50 и 60 минута на два пати стрелаше за предност од 2:0. Ѓорѓиевска во 67. минута постигна афтогол. Конечните 4:0 ги постигна Абдукиќ во 67. минута од средбата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!