ФудбалФутсал

Лидерот Мал Ајакс однесе сигурна победа против Партизан Југ, Дурмишов со четири погодоци!

Сподели
Сподели

Синоќа во Брвеница се комплетираше 13. коло во Втората футсал лига на Македонија, во меч каде Мал Ајакс со 4:7 славеше против Партизан Југ.

Меч каде свој блесок имаше одново Иса Дурмишов со четири постигнати погодоци, а кои ги постигна за 0:4. Потоа Даниел Стојанов во 15. минута погоди за 0:5, а две минути подоцна искусниот Даниле Радески погоди за 1:5 на полувреме.

Во вториот дел само формално тимот од Штип ја завери победата, откако Радески постигна втор гол, а стрелаше и Илија Јанкулоски, додека пак кај гостинот Седат Мамудов постигна гол, а пак Денис Бојоски си постигна автогол.

Мал Ајакс е на врвот од табелата со 33 бодови, втор е Балкан со 27 бодови, трет е Овче Поле со 25 бодови, а пак Кораби е четврти со 22 бодови.

На дното и натаму останува екипата на Карадаку со учинок од една победа и 11 порази за само три бодови на своето конто.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи, две помалку од минатата сезона. Во сезона 2026/2027 во второлигашката футсал...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред стартот на шестото издание на натпреварувањето две екипи се „распаднаа“ односно...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи,...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред...

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!