Денес ќе бидат познати останатите три полуфиналисти кои ги чека Јувентус Серава, кој веќе закажа полуфинале, откако вчера со 11:2 славеше против второлигашот Партизан Југ од Брвеница.
Во 18:45 часот започнува второлигашкото соочување на Балкан и Кратово, каде домашниот состав ќе биде фаворит за полуфинале, а Кратово ќе бара изненадување.
Во Штип од 19:30 часот ќе се соочат второлигашот Мал Ајакс ќе се соочи со прволигашот Осогово од Крива Паланка, кој ќе биде фаворит за следна фаза, а лидерот во Втората футсал лига ќе сака изненадување.
Во 21 часот стартува дербито меѓу бранителот на Куп титулата Форца и Шкупи, кој има амбиции за освојување на Куп титулата и воедно ова ќе биде најголемото дерби.