Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Старата трибина на „Билјанини Извори“ се урива, охридскиот стадион ќе добие модерна трибина!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во изминатиот период неколку пати известувавме од Охрид за уривањето на старата трибина на стадионот „Билјанини Извори“ со што охридскиот стадион треба да добие нова модерна и современа трибина.

Старата трибина е веќе речиси целосно урната, по што потоа ќе започнат градежни активности за изградба на нова трибина, со што стадионот ќе има нова модерна трибина, а стадионот во нашиот најголем туристички центар ќе добие нов модерен и современ лик.

Новата трибина ќе има капацитет од 3.500 седишта, современи содржини како осум скај-боксови за ВИП зони, медиумски центар и други простории според меѓународни стандарди.

  • КАКО ИЗГЛЕДА УРИВАЊЕТО НА СТАРАТА ТРИБИНА НА СТАДИОНОТ „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ ВО ОХРИД:

Со изградбата на новата јужна трибина охридскиот стадион ќе добие модерен и современ изглед кој ќе има две модерни трибини, откако претходно беше направена и другата трибина. Овој спортски комплекс располога и со помошни терени, од кои едниот е со вештачка трева и трибина, како и рефлектори за ноќни тренинзи, а има и неколку терени со природна трева. Со ова стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид ќе понуди подобри услови за тренинг и за одигрување на домашни и меѓународни натпревари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!