Прва лигаФудбал

Судиската организација на ФФМ со одговор за реакцијата на Шкендија: Помина времето на „телефонско делегирање“ на арбитрите!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Судиската организација на ФФМ преку допис даде одговор за реакцијата на Шкендија, која се жалеше за арбитражата на судијата Игор Стојчевски и неговите помошници, а меч кој Шкендија го доби со 1:2 против Вардар во првото пролетно коло на ПМФЛ.

По добиениот писмен допис од Ваша страна, но и пред да го добиеме истиот ние како судиска организација и како комисија за делегирање на судии, а во координација со официјалните лица на натпреварите направивме анализа на одиграните натпревари, а посебен фокус е ставен кон дуелот Вардар – Шкендија (1:2).

Ние како надлежни тела на ФФМ, како судиска организација сме, исто така, сериозно загрижени за Ваквиот однос од Ваша страна. Фудбалот е спорт во кој треба стручните лица да ги решаваат спорните моменти, а не тоа да се прави со тенденциозни и намерни критики без притоа да се остави на надлежните органи да се справат со анализа на натпреварите.

Со овој допис, а по консултација со официјалните лица на споменатиот натпревар се донесени следните заклучоци:

1.  Направен е ПРЕВИД во 65. минута на првиот помошник во моментот на повторувањето на ударот од белата точка за домашната екипа. Помошниот судија е оценет со слаба оценка 7.9 за судијата Слаѓан Марковски.

2.  Нема офсајд за домашниот фудбалер кој со удар со глава ја погоди пречката при резултат 0:0.

3.  Не постојат услови за казнен удар за гостинската екипа во 91. минута. Како прво дуелот на двата фудбалери е надвор од казнетиот простор, а како второ домашниот играч чисто ја отстранува опасноста.

4.  Сите доделени картони на двете страни се ИСПРАВНИ.

Воедно, ве информираме дека претседателот на комисијата за делегирање, Јосип Бартон јавно Ве прашува дали и за кои натпревари во минатото, Вие како клуб сте имале вакви или слични реакции до тогашните лица кои биле задолжени за работата на судиите. Вие како клуб во кој на јавни функции имате лица кои биле дел од поранешното раководство на ФФМ треба да знаете дека помина времето на „телефонско делегирање“ на арбитрите и „делегирање по нарачки“. За ова ќе се уверите и самите низ натпреварите кои ќе се одиграат во иднина, а самото воведување на ВАР – системот е доказ дека ова раководство на ФФМ и овој состав на судиската организација е за фер и коректно судење. Тоа е доказ за регуларност во лигата и заштита на клубовите кои за жал не постоеше во годините наназад и за тоа добро знаат и сигурно се добро информирани лицата кои се вработени во ФК Шкендија, а кои биле во блиска соработка со поранешното раководство на ФФМ и поранешниот комесар за делегирање на судии. За среќа на фудбалот таквите повеќе нема да имаат пристап до органите и телата на ФФМ.

Судиската комисија во рамки на ФФМ е изненадена од ваквиот пристап и реакција на ФК Шкендија од причина што односот на судиите и официјалните лица кон сите клубови од МФЛ е еднаков и професионален и не се сведува на навиките и постапките од претходниот период.

Шкендија сега е лидер на табелата со 40 бодови на своето конто.

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бафто ќе го суди супер-дербито меѓу Љуботен и Тиверија Брера, Пројковска ќе го суди градското дерби во Битола!

Во недела на програмата ќе бидат натпреварите од 17. коло на Првата женска фудбалска лига, а кое коло ни го носи и големото...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица е вистински фудбалски расадник: Повикани 18 играчи во репрезентациите на Македонија!

Брера Струмица е вистински фудбалски расадник, а потврда за тоа е повикот на 18 играчи во репрезентациите на Македонија. Струмичани доминираат со сите...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Брера Струмица е вистински фудбалски расадник: Повикани 18 играчи во репрезентациите на Македонија!

Брера Струмица е вистински фудбалски расадник, а потврда за тоа е повикот...

ТурнириФудбал

Фудбалските таленти на ФК Џокер ќе учествуваат на „Златибор Куп“

Фудбалскиот клуб Џокер ќе учествува на познатниот „Златибор Куп“ во Србија, турнир...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Истатов врши упис на девојчиња родени од 2008 до 2014 година

Женскиот фудбалски клуб Истатов врши упис на девојчиња родени од 2008 до...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!