ФудбалФутсал

Конзули лесно го збриша Карадаку – комплетирано 12. коло во Втората футсал лига

Сподели
ФОТО: Каршиака - Карадаку, 10. коло Втора футсал лига | АРХИВА
Сподели

Вечерва во Демир Хисар се комплетираше 12. коло во Втората футсал лига, откако битолски Конзули со 6:0 лесно го збриша ланскиот прволигаш Карадаку и прокнижи нови три лесни бодови, со оглед на тоа што и во претходното коло битолчани го декласираа Кратово во  салата „Софија Петровска“ во Пробиштип.

Вечерва со четири голови Муса Веизовски сам го реши противниот, а по еден гол постигнаа Алмир Бајрами и Игор Скепаровски.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа, Балкан со 3:9 го декласираше струшки Ехналон, Каршиака и Овче Поле ремизираа во Студеничани играјќи 3:3, ССК Скопје со 8:5 го доби Кратово, Победа на домашен терен беше поразена од Партизан Југ од Брвеница со 4:6, а пак лидерот Мал Ајакс го доби Кораби со 7:4.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ФУТСАЛ ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ МАЛ АЈАКС 11 10 0 1 59 34 +25 30
2 ФК Балкан 2017/КМФ 11 8 0 3 79 60 +19 24
3 КМФ ОВЧЕ ПОЛЕ 2013 11 7 1 3 65 33 +32 22
4 КМФ Кораби 12 7 1 4 92 66 +26 22
5 КМФ КАРШИАКА 1996 11 6 2 3 64 42 +22 20
6 ФК Партизан Југ Брвеница/КМФ 11 6 0 5 59 55 +4 18
7 КМФ КОНЗУЛИ Битола 11 5 0 6 52 47 +5 15
8 КМФ ЕНХАЛОН 2020 11 5 0 6 49 55 -6 15
9 КМФ ССК 1965 Скопје 11 4 0 7 57 56 +1 12
10 КМФ СЕЕ-УНИВЕРСИТИ 11 4 0 7 54 56 -2 12
11 КМФ КРАТОВО 11 4 0 7 63 73 -10 12
12 КМФ ПОБЕДА Прилеп 11 3 0 8 73 95 -22 9
13 КМФ КАРАДАКУ 11 1 0 10 34 128 -94 3

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!