Трета лигаФудбал

ФОТО: Снегот не е пречка за Брегалница Делчево, третолигашот со интензивни подготовки за пролениот дел!

Сподели
Сподели

Снегот не е пречека за третолигашот Брегалница Делчево и денес да продолжи со подготовки за пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток.

Фудбалерите денес тренираа на Градскиот стадион во Делчево кој беше под снежна покривка, а фудбалерите на момент имаа можност и за забава па направија и снешко.

Брегалница Делчево есенскиот дел од сезоната го заврши на 4. место на табелата во Трета лига – Исток со 14 освоени бодови и учинок од четири победи, две ремија и три порази.

Екипата се засили со пет играчи, со кој ќе го подигра квалитетот во своите редовите, се работи за Емил Рунчевски, Дени Андов, Антонио Стојчов, Ненад Нешовски и Јован Дојчинов.

Пролетната полусезона екипата на Брегалница Делчево ја отвара на домашен терен против струмичка Тиверија, а пролетниот дел започнува на 9. март со натпреварите од 10. коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!