Вечерва се одржа Изборното собрание на Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Струмица, каде за нов претседател беше избран ИЛија Илиев, кој беше едногласно избран.
Воедно, вечерва беше дадена и поддршка на сегашниот и идниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ.
Редовното изборно генерално Собрание на ФФМ ќе се одржи на 15. март 2025 година со почеток во 10 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје.