ФудбалФутсал

Прволигашот Проект се засили со Стојанов, Блажевски и Лазаров!

Сподели
Сподели

Прволигашот Проект за пролетната полусезона од Првата футсал лига на Македонија претстави три квалитетни засилувања, се работи за Горан Стојанов, Филип Лазаров и Наум Блажевски.

24-годишниот Стојанов ќе биде големо засилување за тимот од Валандово, радовишанецот во минатото настапуваше за второлигашот Детонит Плачковица, а беше дел и од Серта.

27-годишниот Блажевски доаѓа од редовите на Црна Река од Кавадарци каде настпауваше изминатата полусезона, а како фудбалер има настапувано и за Хоризонт Турново, Академија Пандев сега Брера Струмица, Беласица, Кожуф, Василево, Детонит Плачковица, Тиверија и Дојранско Езеро.

Лазаров кој има 21 години, настапуваше за екипата на Црна Река во есенската полусезона, а исто така во пролетниот дел ќе настапува и за третолигашот Тиверија, откако во есенскиотдел беше во тимот на Хоризонт Турново. Има настапувано и за Беласица и АП Брера Струмица.

Проект утре Бутел на гостински терен во Скопје ја отвара пролетната полусезона во Првата футсал лига, натпревар од 11. коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!