Втора женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: Билјанини Извори од Охрид доби пет нови засилувања, тим максимално се подготвува за бараж за Прва лига!

Сподели
ФОТО: ЖФК Билјанини Извори
Сподели

Второлигашот Билјанини Извори доби пет нови фудбалери за пролетната полусезона во Втората женска фудбалска лига, каде охридскиот второлигаш ќе води борба за освојување на второто место, кое пак води во баражот за можен пласман во Првата женска фудбалска лига.

За таа цел како што веќе информираше Спортска Мрежа, Билјанини Извори се засили со пет фудбалерки, со кои сака да го подигне квалитетот во своите редовите. Се работи за Драгана Гегова, Марија Бојкова, Викторија Стојаноска, Ева Андонова и голманката Николија Стојановска.


Како што веќе информираше Спортска Мрежа, 24-годишната Гегова доаѓа од редовите на Скопје, а низ својата кариера беше дел и од тетовска Шкендија, Вардар, Истатов, Борец и Тиверија од каде и ја започна кариерата. Бојкова и Стојаноска во пакет пристигнаа од радовишка Плачковица. 24-годишната Бојкова низ својата кариера беше дел и од Шкендија, Кочани, Атлетико и Габер, а пак Стојаноска која има 21 година низ својата кариера покрај за Плачковица, беше дел и од Шкендија, Кочани, Атлетико, Тиверија и Габер.

18-годишната Андонова во Билјанини Извори доаѓа од редовите на Каменица Саса, а со фудбал започна во Брегланица од Штип, а пак 21-годишната Стојановска ќе го чува голот на Билјанини Извори, пристигна од Шкендија, а претходно настапуваше за Каменица Саса.


Билјанини Извори активно работи на подигање на формата, тренира и во вечерен термин под рефлектори на теренот со вештачка трева при СРЦ „Билјанини Извори“, а клубот и преку пријателски натпревари ќе ја проверува формата со цел максимално подготвен да влезе во вториот дел од сезоната.

Кочани е апсолутен фаворит, лидерот во пролетниот дел само ќе треба да го потврди првото место и директно да се врати во Првата лига по неколку сезони поминати во Втора лига, додека пак борбата за второто место кое води кон баражот за можен пласман во Прва лига, ќе го водат Билјанини Извори и Вардар.

Екипата на Вардар е на второто место со 16 бодови, додека пак Билјанини Извори е трет со 15 бодови, само еден бод е разликата, што ќе ветува неизвесна пролет. Минатат сезона Вардар ја загуби трката со Атлетико, кој беше шампион и се врати во Прва лига, а пак Вардар во баражот загуби убедливо од Топ Гол и со тоа остана во Втората лига, а ова сезона сака нов бараж.

Билјанини Извори пролетната полусезона во Втората женска фудбалска лига ја отвара со дерби против лидерот Кочани во гостински терен, а пролетниот дел ќе биде отворен со натпреварите од осмото коло.

Во Втората женска фудбалска лига се натпреваруваат осум екипи, во есенскиот дел се играат седум натпревари, а толку и во пролетниот дел, а поради малиот број на натпревари само 14 официјални натпревари во текот на целата година, што е многу малку за да се одржува екипата и за квалитет и тренирање, дел од спортските работници кои го следат женскиот фудбал се на ставот за воведување на трет круг, односно лигата да се игра трокружно со што во ваков случај би имало 21 коло.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Дури девет фудбалери го пропуштаат 21. коло на Втората лига поради пет жолти картони!

Поради акумулирани пет жолти картони девет фудбалери од седум екипи го пропуштаат 21. коло на Втората лига. Поради жолти картони овој викенд односно...

Втора лигаФудбал

Борец и Осогово во директен дерби дуел за опстанок – трите бодови повеќе од важни!

Се разгорува битката за опстанок во Втората лига, Осогово е во ситуација каде може да се надева и на директен опстанок, па да...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Дури девет фудбалери го пропуштаат 21. коло на Втората лига поради пет жолти картони!

Поради акумулирани пет жолти картони девет фудбалери од седум екипи го пропуштаат...

Втора лигаФудбал

Борец и Осогово во директен дерби дуел за опстанок – трите бодови повеќе од важни!

Се разгорува битката за опстанок во Втората лига, Осогово е во ситуација...

ФудбалЧетврта лига

На 23 март започнува пролетниот дел во Општинската фудбалска лига во Охрид

На 23 март започнува пролетната полусезона во Општинската фудбалска лига во Охрид...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!