Прва лигаФудбал

Воска Спорт има седум нови играчи, Клодиан Арбри ќе го води прволигашот од Охрид

Сподели
Сподели

Охридскиот прволигаш Воска Спорт за пролетната полусезона каде ќе води борба за опстанок во Првата лига доби седум нови засилувања, а клубот ќе биде предводен од албанскиот стратег Клодиан Арбри.

Воска Спорт која лани играше и историско Куп-финале против Тиквеш, но го загуби, ова сезона води тешка борба за опстанок во фудбалската елита на Македонија. Воска Спорт е на дното од табелата со 12 бодови, а веќе утре против Беса на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид ќе го одигра дербито од дното на табелата за опстанок.

Воска Спорт доби седум нови играчи со кои тимот ќе се обиде да го избори опстанокот, а се работи за Гаје Бабукар, Марко Зуљ и Тони Виноградац кои доаѓаат од странство, како и домашните играчи Илирид Адеми, Давид Матески, Христијан Драгарски и Дарко Грозданоски.

26-годишниот Бабукар ќе го чува голот на Воска Спорт, а тој е интернационалец од Гамбија, Зуљ е дефанзивец доаѓа од хрватскиот тим Кустошија, а пак 24-годишниот Хрват Виноградац пристигна од словенскиот тим Триглав.

29-годишниот Адеми пристигна од редовите на прволигашот Беса од Добри Дол, 18-годишниот Матески во Воска Спорт доаѓа од прволигашот Силекс, а пак 32-годишниот Драгарски пристигна од тимот на Беса од Добри Дол. Како што вчера објави Спорткса Мрежа, 25-годишниот Грозданоски доаѓа од Кожуф каде беше најдобар стрелец за второлигашот од Гевгелија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!