Ракомет

ВИДЕО: Тешкиот распоред за Радовиш ќе биде можност за дополнително воигрување пред важните натпревари!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Радовиш како повратник во Суперлигата со пораз ја започна сезоната, откако загуби од фаворитот Охрид, меѓутоа пред радовишани е тежок распоред, следува гостување кај Алкалоид во Автокоманда, а потоа во рамки на 3. коло доаѓа Вардар во СРЦ „25-мај“.

Сепак, ваквиот тежок распоред за радовишани може да се смета и за предност, за што и еден од тренерите на клубот, Спасе Ѓоргиев во изјавата за Спортска Мрежа го потврди тоа. Тешкиот распоред и играњето против Охрид, Алкалоид и Вардар на почеток од сезона може да се искористи за воигрување на екипата пред за нив клучните мечеви кои следуваат против екипи кои би се нашле и би се бореле за опстанок.

  • ИЗЈАВА НА СПАСЕ ЃОРГИЕВ, ТРЕНЕР НА РК РАДОВИШ ЗА СПОРТСКА МРЕЖА:

Тешкиот распоред ќе биде можност Радовиш да се воигра уште повеќе за натпреварите кои следуваат после третото коло. Иванче Ончев за Спортска Мрежа изјави дека тешкиот распоред ќе го искористат за дополнително воигрување, пред натпреварите на кои ќе се води вистинската борба за трите бодови против екипи кои ќе се најдат во плеј-аутот.

  • ИЗЈАВА НА ИВАНЧЕ ОНЧЕВ ЗА СПОРТСКА МРЕЖА:

Овој викенд Радовиш ќе гостува во Автокоманда кај големиот фаворит Алкалоид, а потоа радовишани ќе одиграат два натпревари на домашен терен, против Вардар во рамки на 3. коло и против Бутел Скопје во рамки на 4. коло. Потоа за Радовиш доаѓаат натпреварите на кои ќе влезе во борба за трите бодови како што се соочувањата со Пролет, Бутел, Прилеп, Струга, Куманово и Бисинов.

Практично од овие екипи ќе се бараат шест патници во плеј-аутот, а една ќе се приклучи на плеј-офот во кој речиси сигурно одат шампионот Еурофарм Пелистер, освојувачот на Суперкупот Алкалоид, Вардар, Охрид и Тиквеш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла...

Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!