ФудбалФутсал

Футсал или ракомет: Кораби ја совлада Победа во меч со 27 гола, Кратово доживеа голем пораз од Конзули во Пробиштип!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Натпреварот од 11. коло на Втората футсал лига во Дебар меѓу Кораби и прилепска Победа на момент личеше како ракометен натпревар, бидејќи на истиот беа постигнати 27 погодоци за конечни 17:10.

Кораби беше доминантен домаќин кој се прикажа во одлично издание, откако на полувреме резултатот беше 9:3.

Дарко Блажевски за Кораби постигна пет погодоци, четири гола имапе Един Мерсовски, двојни стрелци беа Бујар Поцеста и Ервин Елезоски, а по едне гол постигаа Октај Беќири и Енис Боличе.

Кај прилепчани најмногу голови постигна Стефан Спиркоски вкупно четири, три гола имаше Кристи Крајоски, двоен стрелец беше Андреј Јолески, а пак Благојче Здравевски имаше еден гол.

Како што информираше Спортска Мрежа екипата на Кратово како домаќин наместо во Градската сала во Кратово играше во спортската сала „Софија Петровска“ во Пробиштип поради санација на салата во Кратово.

Но, овој меч екипата на Кратово го загуби со 6:12 што беше големо изненадување за домашниот тим.

Натпреварот го реши Темур Емини или уште поточно кажано тој сам го победи Кратово со седум погодоци, а по еден гол за битолскиот тим постигнаа Марјан Јовановски, Климент Гиновски, Викто Гелевски и Муза Веизовски, а пак Трајче Давитков си постигна автогол.

Кај тимот на Кратово двојни стрелци беа Бобан Начкоски и Горан Арвоски, а по еден гол постигаа Ѓпрѓи Ивановски и Драган Стефанов.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!