ФудбалЧетврта лига

Четвртолигашот Победа од Ивањевци се засили со напаѓачот Димитар Даскаловски – целта е враќање во Трета лига

Сподели
Сподели

Поранешниот третолигашот Победа од Ивањевци за пролетниот дел од Општинската фудбалска лига во Битола или Четврта лига по ранг на натпреваруање се засили со искусен напаѓач, се работи за Димитар Даскаловски.

31-годишникот всушност е повратник во редовите на Победа Ивањевци, доаѓа од редовите на Баир Спорт, а беше дел и од екипата на Буково.

Клубот од битолското село Ивањевци има добра инфраструктура, а целта на клубот е враќање во Трета лига – Југозапад.

„Полусеозната ја завршивме на второто место со три бодови негатива во однос на лидерот Крошу Спорт, во пролетнито дел нашите амбиции се поголеми и секако одиме на баражот за Трета лига – Југозапад“, изјави за Спортска Мрежа, тренерот на Победа Ивањевци, Драганчо Велевски.

Клубот во пролетниот дел влегува максимално мотивиран и со добри подготовки се надева на триумф во баражот и со тоа враќање во третолигашкото друштво.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!