Втора лигаФудбал

Второлигашот Вардарски од Богданци со промоција на неколку играчи

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Како што дознава Спортска Мрежа второлигашот Вардарски од Богданци за пролетната полусезона се засили со неколку нови играчи, со кои тимот ќе се обиде да избори опстанок, со оглед на тоа што во Втора лига се врати после долги 27 години.

Според нашите информации нови играчи во тимот на Вардарски се голманот Филип Лазаревски кој доаѓа од редовите на Слога Виница, а во својата кариера 27-годишникот беше дел и од Кадино, Воска Спорт, Скопје, Работнички, Шкупи, Тетекс, Кораби, Илинден, Борец, Еуромилк, Беласица и Металург од каде и ја започна кариерата.

Ново име во Богданци е и Лука Јакимовски, иако истиот играч беше промовиран во Борец од Велес пред неколку години, сепак се случи промени овие денови и тој е нов играч на Вардарски. 18-годишникот беше дел од Осогово, каде настапуваше во есенскиот дел, а тој е дете на Вардар. Нов играч е и Стефан Спировски кој доаѓа од редовите на Пелистер.

Како што дознаваме ново име во Вардарски е и Ахмед Домазет, 20-годишен фудбалер кој доаѓа од Охрид, а кој беше дел од Караорман и младинските категории на Струга Трим Лум.

Во тимот на Вардарски нов играч е и Мирон Илиевски, кој пак пристигна од Борец. 25-годишникот беше дел и од Каменица Саса, Кадино, Њу Старс, Осогово и Силекс. Во својата кариера Илиески имаше своја авантура во Словенија настапувајќи за Свобода Љубљана, а имаше авантура и во Грција.

Вардарски е на дното од табелата со 5 бодови, колку што има и Борец, а тимот од Богданци во есенскиот дел имаше учинокот од една победа, две ремија и 12 порази. Клубот за пролетниот дел ќе води сериозна борба за опстанок, за таа цел се овие засилувања, а според нашите информации не е исклучена можноста за уште неколку засилувања, тимот сака опстанок, Богданци е мало гратче каде што многу се сака спортот, така е и со ракометот, а со оглед на тоа што жителите на Богданци и сите кои се љубители на фудбалот и симпатизери, навивачи на клубот чекаа 27 години за Втора лига, дефинитивно борбата ќе биде голема за Вардарски и следната сезона да биде дел од Втората лига.

Шанси реални за опстанок има! Со квалитетни подготовки, физички и тактички подготовки, клубот има реални шанси да дојде и до директен опстанок или пак бараж. Со оглед на тоа што повеќе екипи се разнишани од долниот дел на табелата, сите се со еднакви шанси за опстанок, а тоа ќе понуди неверојатно интересна и неизвесна пролет.

Пролетниот дел тимот на Вардарски го отвара Скопје на Градскиот стадион во Богданци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

КК Пелистер го претстави Коста Кириловски како трето засилување за новата сезона

КК Пелистер го претстави третото засилување за сезоната 2026/27. Нов член на битолскиот клуб е Коста Кириловски, еден од најперспективните млади македонски кошаркари....

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките на Македонија го дознаа распоредот за Медитеранските игри во Таранто

Македонската женска одбојкарска репрезентација го дозна распоредот за настапот на Медитеранските игри 2026, кои ќе се одржат во Таранто, Италија. По претходно одржаната...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ФОТО: Шампионот Проект ја започна втората фаза од подготовките

Македонскиот футсал шампион Проект ја започна втората фаза од подготовките, која се...

Втора лигаФудбал

Спиркоски се врати во Битола – Пелистер доби големо засилување пред стартот на сезоната

Второлигашот Пелистер продолжува интензивно да го комплетира играчкиот кадар за новата сезона,...

Втора лигаФудбал

Беласица подобра од Кожуф на пријателски натпревар

Второлигашите Кожуф и Беласица одиграа пријателски натпревар каде струмичани беа подобри со...

ИнтернационалциФудбал

Вардар остана без европска есен – Рига по продолженија го елиминираше македонскиот шампион

Македонскиот шампион Вардар беше на чекор до голем подвиг во Летонија, но...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!