Ракомет

ВИДЕО: Охрид поразен на „генералката“ со Вардар во „Билјанини Извори“

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Охрид загубија на „генералката“ со поранешниот двократен европски првак Вардар со резултат од 29:33, во пријателски меч кој се играше во „Билјанини Извори“.

Овој меч беше последен тест и за двете екипи да ја проверат формата пред стартот на вториот дел од сезоната кој е закажан веќе за овој викенд.

„Вардарци“ на полувреме имаа плус пет предност во однос на охриѓани односно 10:15.

ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа

Охрид пролетниот дел го отвара во Велес како голем фаворит против дебитантот Бисинов, додека пак Вардар ќе гостува како фаворит кај Пролет.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ДЕЛ ОД АТМОСФЕРАТА НА НАТПРЕВАРОТ ОХРИД – ВАРДАР:

Од регуларниот дел остануваат уште шест кола, по што ќе се формира плеј-оф и плеј-аут сегментот. Охрид и Вардар, заедно со Алкалоид и Еурофарм Пелистер се сигурни патници во плеј-офот, додека пак за пополнување на последните две места се борат Бутел, Тиквеш, Прилеп и Пролет, две од овие екипи ќе извисат и ќе бидат дел од плеј-аутот каде што ќе бидат Куманово, Бисинов, Струга и Радовиш.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!