ФудбалЧетврта лига

Четвртолигашот Кадица се засили со повратникот Бобан Крстески

Сподели
Сподели

Екипата на Кадица која се натпреварува во Општинската фудбалска лига во Прилеп или Четврта лига по ранг на натпреварување за пролетната полусезона се засили со повратникот Бобан Крстески.

Се работи за играч кој во Кадиница доаѓа од редовите на третолигашот Младост од Кривогаштани.

32-годишниот Крстески низ својата кариера има настапувано и за Обршани, Победа Ивањевци, Напредок Крушеани, Големо Коњари, Победа, прволигашот Силекс и 11-ти октомври од Прилеп.

Екипата на Кадица има шест од шест во Општинската лига во Прилеп или Четврта лига по ранг на натпреварување и има за цел да избори влез во Трета лига – Југ, за што се засилува со искусни играчи.

Пролетниот дел екипата на Кадица го отвара против некогашниот третолигаш Напредок Крушеани.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!