ФудбалФутсал

ФОТО: Каршиака со 15 гола славеше над Карадаку, големи победи за Енхалон и Кораби

Сподели
Сподели

Вчера беа одиграни уште четири натпревари за вкупно пет од 10. коло на Втората футсал лига или прво пролетно коло, а кое ќе се комплетира вечер во Прилеп со мечот меѓу Победа и Мал Ајакс од Штип.

ФОТО: Каршиака – Карадаку, 10. коло Втора футсал лига

Голема победа однесе екипата на Каршиака која на домашен терен триумфираше со 15:2 над ланскиот прволигаш Карадаку. Меч на тотална доминација, каде Бујар Адеми постигигна хет-трик, а хет-трик имаше и Нехат Емини. По два гола постигнаа Амар Мемеди, Фуркан Ќани и Хамза Садики, а по еден гол постигнаа Енис Мемеди, Садам Куртиши и Неџати Шабани. За екипата на Карадаку двоен стрелец беше Омер Саќипи.

ФОТО: Спортска сала „Али Тефик Демири“ во Студеничани секогаш исполнета за поддршка на Каршиака

Каршиака има и голема поддршка од навивачите, секогаш кога тимот игра на домашен терен салата е полна со публика и дава силна поддршка на својот миленик.

Струшки Енхалон однесе висока победа од 7:1 над Кратово, во меч каде искусниот Нико Пластиновски имаше хет-трик за Енхалон, двоен стрелец беше Дејан Груевски, а по еден гол постигнаа Тони Прќакоски и Дарко Настевски. За екипата на Кратово единствен стрелец беше Димитар Стојановски.

Конзули како домаќин играше во спортската сала „Јордан Пиперката“ во Демир Хисар, каде со 6:3 славеше над тимот на Партизан Југ од Брвеница.

Темур Емини и Муса Веизовски беа двојни стрелци за битолскиот тим, а пак Марјан Јованоски и Виктор Гелевски постигнаа по еден гол. За тимот од Брвеница двоен стрелец беше искусниот Даниел Радески, а еден гол постигна Стефан Апостолоски.

Екипата на ССК Скопје на домашен терен загуби од Кораби од Дебар со резултат од 5:9. За домашниот тим кој претрпе пораз стрелци беа Дарко Стевковски со два гола, а по еден гол постигнаа Илија Алексовски, Бранко Ѓуровски и Борјан Цветановски.

За тимот од Дебар двојни стрелци беа Дарко Блажевски, Ервин Елезоски и Енис Боличе, а по еден гол постигнаа Емил Лимановски и Валмир Ваитовски, а пак Бране Стојановски од екипата на ССК си постигна автогол.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа екипата на Балкан преку пресврт однесе голема пбоеда над СЕЕ Университи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. септември 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: ФК Џокер со учество на над 250 турнири во Македонија и странство, дечињата не плаќаат членарина!

Фудбалскиот клуб Џокер од селото Фурка кај Дојран е формиран во 2018 година, клуб кој посетува своe играчиште на кое тренираат сите дечиња....

Втора лигаФудбал

ФОТО: Детонит Плачковица загуби од Вихрен во Сандански, но одигра одличен меч каде беа постигнати пет гола!

Второлигашот Детонит Плачовица од Радовиш денес одигра пријателски натпревар против Вихрен во Сандански, Бугарија, истиот го загуби со 3:2 од бугарскиот тим, но...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО: Детонит Плачковица загуби од Вихрен во Сандански, но одигра одличен меч каде беа постигнати пет гола!

Второлигашот Детонит Плачовица од Радовиш денес одигра пријателски натпревар против Вихрен во...

Прва лигаФудбал

Прволигашки пријателски меч: Беса подобра од Пелистер со два гола!

Денес на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид се одигра пријателски меч на...

Прва лигаФудбал

Триумф за Брера Струмица на меѓународниот пријателски меч против Беласица Петрич

Прволигашот Брера Струмица со 2:1 триумфираше на меѓународен пријателски меч против бугарскиот...